Спорт
Расистички навреди за тинејџерот на Јувентус, Моизе Кен
Јувентус синоќа победи на Сардинија кај Калјари 2:0, а натпреварот го обележаа расистичките испади на домашните навивачи. Цел на приврзаниците на Калјари бил стрелецот на вториот гол, тинејџерот Моизе Кен.
Напаѓачот на Јувентус постигна гол во 85. минути, а бидејќи претходно навивачите го навредувале. тој прославил така што со раширени раце застанал пред нивната трибина.
„Не требаше на тој начин да го прослави голот. Тој е млад играч и мора да учи. Од друга страна, ова не треба да се случува на еден фудбалски натпревар“, рекол тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
„Голот го прославуваш со соиграчите, требаше да слави на поинаков начин. Мислам дека вината е 50-50. Можеби не требаше тоа да го направи пред навивачите на Калјари, а тие, пак, не смееја да реагираат на тој начин“, рекол Леонардо Бонучи.
По мечот, Кен на својот профил на „Инстаграм“ испратил јасна порака против расизмот.
Инаку, по голот на Кен, на теренот имаше пауза од три минути, а официјалниот спикер апелирал до навивачите да прекинат со навредите. Според правилата што владеат во Серија А, првиот од трите чекори во случај на расизам е пауза од три минути.
Првиот човек на Калјари, Томазо Џилини, за расиситичките навреди го обвинил играчот на Јувентус. Според него неговата прослава на голот ја испровоцирало реакцијата на фановите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Роналдо потврди: СП 2026 ќе ми биде последно
Португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе биде неговиот последен настап на големата сцена, во националниот дрес.
Во интервју за „Си-Ен-ЕН“ за време на самитот во Ријад, капитенот на португалската репрезентација изјави дека на 41-годишна возраст е вистински момент да се збогува.
„Уживам во моментот, но кога велам наскоро – мислам навистина наскоро. Му дадов сè на фудбалот. Во играта сум 25 години, постигнав многу, имам бројни рекорди во клубовите и во репрезентацијата. Горд сум на сè што направив, а сега само сакам да уживам во овие моменти“, рече Роналдо.
Постигна 143 гола за Португалија, исто така тој е првиот играч што постигнал гол на пет различни Светски првенства.
Следното Светско првенство ќе биде најголемо во историјата, со 48 национални селекции, и ќе започне на 11 јуни 2026 година во САД, Мексико и Канада. Ждрепката е закажана за 5 декември во Вашингтон.
Оваа година, Роналдо испиша историја и надвор од теренот – според Блумберг, тој стана првиот фудбалер милијардер, откако го продолжи договорот со Ал Наср од Саудиска Арабија.
Зборувајќи за иднината, Роналдо нагласи дека негова најголема желба е неговиот син Кристијано Јуниор, член на португалската репрезентација под 16 години, да ги надмине неговите успеси.
„Луѓето обично не сакаат некој да биде подобар од нив, но јас навистина сакам мојот син да биде подобар од мене. Никогаш нема да бидам љубоморен, верувајте ми“, рече Роналдо.
Спорт
Официјално: САД против Светот на НБА Ол-стар натпреварот
Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната асоцијација на играчи во НБА (НБПА) го објавија форматот на натпреварот САД – Свет за НБА Ол-стар натпреварот во 2026 година.
Натпреварот ќе се игра од 23:00 часот по источно време во недела, на 15 февруари 2026 година, во арената „Интуит Доум“ на Лос Анџелес Клиперс во Инглвуд.
На НБА Ол-стар натпреварот во 2026 година ќе учествуваат два тима составени од играчи од Соединетите Американски Држави и еден тим од интернационалци, познат како тим Свет.
Се очекува интернационалците да бидат предводени од Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Виктор Вембанјама, Алперен Шенгун и секако MВП-то на лигата Шеј Гилџис-Александер.
Тимовите ќе бидат составени од најмалку осум играчи, а четири натпревари од по 12 минути ќе се играат според системот „секој со секого“.
-Тимот А игра против тимот Б во првиот натпревар.
-Победникот од тој натпревар игра против Тимот Ц во вториот натпревар.
-Поразениот од првиот натпревар потоа игра против Тимот Ц во третиот натпревар.
-По третиот натпревар, двата најдобри тима според перформансите ќе се пласираат во финалниот натпревар (четврт по ред).
-Доколку сите три тима се изедначени (имаат по победа и пораз), финалистот ќе биде одлучен според кош-разликата во првите два натпревари на секој тим.
Како и во претходните години, 24-те НБА Ол-стар (12 од секоја конференција) ќе бидат избрани на следниов начин:
-Петте играчи кои ќе бидат именувани за стартери од секоја конференција ќе бидат избрани со гласови од навивачите (50%), играчите (25%) и новинарите (25%).
-Седум резервни играчи од секоја конференција ќе бидат избрани од главните тренери на НБА тимовите.
Оваа година, Ол-стар играчите ќе бидат избрани без оглед на позицијата – процесот според кој играчите ќе бидат доделени на двата тима на САД ќе биде одреден подоцна.
Доколку гласањето за Ол-стар не резултира со избор на 16 американски играчи и осум интернационалци (кои може да вклучуваат и американски играчи со врски со други земји доколку е потребно), комесарот на НБА, Адам Силвер, ќе избере дополнителни Ол-стар играчи за да се достигне минималниот број.
Во тој случај, барем еден тим може да има повеќе од осум играчи.
Спорт
Реал неволно го пушта Ендрик во Лион
Бразилскиот напаѓач, Ендрик, е блиску до договор за позајмица во Лион за време на зимскиот преоден рок. 19-годишникот сака да минува повеќе време на теренот, со цел да ги зголеми шансите за настап на Светското првенство со бразилската репрезентација предводена од Карло Анчелоти.
Реал Мадрид е подготвен да одобри привремено заминување без можност за откуп, иако неволно, а трансферот сè уште зависи од постигнувањето конечен договор со Лион.
Минатата сезона под водство на Анчелоти, Ендрик одигра 37 натпревари и постигна седум гола откако пристигна од Палмеирас, но оваа сезона одигра само 14 минути. Новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, засега не може да му гарантира значајна улога. Алонсо верува во долгорочниот потенцијал на Ендрик, но во моментов претпочита други играчи.
Младиот Бразилец имаше проблеми и со повредите. Тој го пропушти Светското клупско првенство поради повреда на грбот, а дополнителното одложување во закрепнувањето го спречи да игра на почетокот од Ла Лига. Тој сега е целосно подготвен, но неговиот единствен настап оваа сезона беше неодамна, кога влезе од клупата во победата на Реал од 4:0 против Валенсија.
Гонзало Гарсија, кој се истакна на клупското Светско првенство, моментално е пред Ендрик во редот на напаѓачите, па сите страни веруваат дека позајмицата во јануари би била најдобрата опција. Реал сè уште смета на Ендрик на долг рок, а неговата иднина ќе биде подетално разгледана во текот на летото.

