Свет
Нов напад со нож во Лондон, две момчиња се тешко повредени

Нов напад со нож во Лондон. Непознато лице синоќа со нож нападнало две млади момчиња на возраст од дваесетина години. Полицијата била веднаш повикана на местото на настанот во населбата Вембли.
Момчињата биле итно пренесени во болница, а истрагата е во тек. Според досегашните информации, двете момчиња се надвор од животна опасност.
Ова е петти напад со нож што ја потресе Велика Британија изминатиов период. В понеделникот вечерта беше убиено младо момче, 22-годишниот Калвин Бунгис. Лекари биле повикани околу 20:30 часот по локално време, по повик дека во населбата Кентиш Таун во северен Лондон еден маж е избоден со нож. Наспроти обидите на итната помош, момчето им подлегна на повредите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Се судрија патнички и товарен брод за време на премин низ Босфорот, осум лица повредени

Осум лица се повредени во судир меѓу патничкиот брод „Камил Сајин“ и бродот за сув товар „Артвин“, за време на преминот низ Босфорот.
– Околу 20:30 часот, патнички брод и брод за сув товар со панамско знаме се судрија крај брегот на Салаџак, Ускудар. Како резултат на судирот, повредени се осум патници на патничкиот брод . По несреќата, бродовите вклучени во несреќата беа повлечени од преминот Босфор, а повредените граѓани беа префрлени во блиските болници – се вели во изјавата на гувернерот на Истанбул, која ја пренесува CNN Turk.
At least 8 injured as ferry collides with dry cargo ship in Bosphorus Strait in Istanbul, Turkey — CNN Türk pic.twitter.com/11nHtdfUvV
— Rapid Report (@RapidReport2025) September 19, 2025
Како што е соопштено, започната е истрага за инцидентот.
Товарниот брод беше одвлечен од екипи на крајбрежната стража до безбедна зона, каде што беше закотвен за проценка на штетата.
Свет
120 земјотреси на Камчатка за 24 часа

Повеќе од 120 земјотреси се случија на Камчатка за помалку од 24 часа, од кои 25 беа почувствувани во градот Петропавловск, објави регионалниот огранок на Федералниот истражувачки центар на геофизичката служба на Руската академија на науките.
Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала се случи во Тихиот Океан во петок наутро во 6:58 часот по локално време, што е десет часа пред Централноевропското време (CET), со епицентар на 93 километри од Петропавловск-Камчатски, пренесува РИА Новости.
Федералниот истражувачки центар за геофизички истражувања на Руската академија на науките објави на својот Телеграм канал дека „124 земјотреси се случиле во регионот Камчатка од 9:00 часот наутро на 19 септември до 8:00 часот наутро на 20 септември“.
На 30 јули, Камчатка го доживеа најсилниот земјотрес од 1952 година, кој имаше магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала, а оттогаш речиси секојдневно се регистрираат последователни потреси.
Свет
Трамп ќе се сретне со Шји Џинпинг во Јужна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џинпинг оваа есен на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја.
Трамп го објави состанокот на својата социјална мрежа Truth Social по телефонскиот разговор со Шји, велејќи дека ќе патува во Кина на почетокот на следната година и дека очекува Шји да го посети и него.
„Тукушто завршив многу продуктивен состанок со Шји од Кина“, напиша Трамп. „Направивме напредок по многу важни прашања, вклучувајќи ја трговијата, фентанилот и завршувањето на војната меѓу Русија и Украина, како и одобрувањето на договорот за TikTok“.
„Исто така, се согласив со претседателот Шји дека ќе се сретнеме на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, дека ќе одам во Кина на почетокот на следната година и дека претседателот Шји ќе дојде и во Соединетите Држави во соодветно време“, додаде тој.
Соединетите Американски Држави и Кина моментално се на чекање во нивниот спор околу царините, кој кулминираше во април кога двете земји се заканија дека ќе воведат царини од над 100 проценти за стоките една од друга.
Во август, Трамп потпиша извршна наредба со која паузата се продолжува до 10 ноември. Пекинг, исто така, најави продолжување.
Трамп се сретна со Шји неколку пати за време на неговиот прв мандат. Двајцата лидери се сретнаа лично во Осака, Јапонија, во 2019 година, додека Шји го посети Трамп во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида во 2017 година.