Македонија
Нема штета на буџетот во истрагата за вториот пензиски столб
Изминативе неколку недели во скопското обвинителство биле сослушани претставници од Министерството за финансии во врска со кривичната пријава за наодите за злоупотреби во вториот пензиски столб, дознава „Макфакс“. Неофицијално, претставниците појасниле дека има механизми за заштита и дека буџетот во конкретниот случај не е оштетен.
Обвинителството во истражувањето на случајот повикало претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и на двете пензиски друштва. Сослушан бил и актуелниот генерален директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Според нашите сознанија, обвинителството доставило ургенции до Државниот завод за ревизија за да му бидат доставени ревизиите од сметките на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Од досегашниот тек на истрагата и соопштението до јавноста на ообвинителството може да се констатира дека сите средства од вториот пензиски столб се безбедни и дека нема штета на буџетот.
Кривична пријава за случајот против непознати сторители ја поднесе министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Шаип Зенељи, на прес-конференција рече дека не чувствува лична одговорност за фактот што на 12 илјади осигуреници придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од ПИОМ не им биле префрлани кон вториот пензиски столб.
Сепак, останува податокот дека Владата одлучи да уплати 19 милиони евра кон осигурениците како обесштетување. Предистражната постапка е сè уште отворена. Останува неизвесно дали скопското Обвинителство ќе донесе наредба за спорведување истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

