Контакт

Регион

Специјален суд за злосторства на ОВК од 15 септември?

Објавено пред

Одредбите на Уставот, кои предвидуваат формирање на Специјален суд за воените злосторства кои ги сторила ОНА, ќе стапат на сила за две недели, пишува приштински Коха диторе.

dobivaj vesti na viber

 

 

Правниците, меѓутоа, сметаат дека овие одредби се противуставни.

 

Имено, во понеделникот во Службениот весник објавен е Закон за Специјален суд и за Канцеларија на специјалниот обвинител, како и дека во согласност со законот, овие одлуки стапуваат на сила за 15 дена од објавувањето.

 

Уставна основа на овој закон е токму амандманот 24 кој опозицијата го упати до Уставниот суд, но тој сѐ уште се нема изјаснето по ова прашање. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Вучиќ: Само обединети можеме да одиме напред, да создадеме посилна Србија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави ново видео на својот Инстаграм профил.

dobivaj vesti na viber


Само со обединување можеме да одиме напред, да создадеме посилна и помоќна Србија“, вели претседателот на Србија во описот на видеото.

Прикажи повеќе...

Регион

„Насилството како вовед во граѓанска војна“ – Брнабиќ за објавената снимка рече дека тоа е планирање државен удар во Србија

Објавено пред

Почувствував потреба и обврска да се изјаснам, барем накратко, по снимките што можеше да ги види целата јавност на Република Србија синоќа во 21 часот од состаноци на кои присуствуваа претставници на разни политички партии, невладини организации, оние што се кријат зад студентските пленуми, некои професори учествуваа на тие состаноци. Сите заедно планирале јасно, директно и недвосмислено државен удар, насилство како вовед за граѓанска војна и атентат на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ“, изјави денеска претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека најшокантно за неа лично е улогата на Универзитетот во Белград.

„Ќе го цитирам тој дел од снимката. Марија Васиќ, професорка која учествуваше на таков состанок и ниту еднаш не ги предупреди студентите дека тоа што го прават е брутално насилство, дека планира државен удар, дека планира воен удар, дека ќе резултира со масовно крвопролевање бидејќи таму зборуваат за носење чекани, разно оружје. Таа активно учествува во планирањето пуч и граѓанска војна и вели: ‘Дали имаме информации дека Универзитетот во Белград е во контакт со синдикатот на војската’? Мила Паиќ: ‘Не, немаме’. Професорката: ‘Така, белградскиот Универзитет соопшти дека армискиот синдикат стапил во контакт со нив и дека армијата ќе биде подготвена и ќе дојде на нивен повик во случај на акција’“, изјави Брнабиќ.

Таа рече дека нејзиното денешно прашање е „која е улогата на белградскиот Универзитет во планирањето државен и воен удар“.

„Ректорот Ѓокиќ (Владан) и проширената ректорска управа треба што побргу да одговорат на овие прашања на српската јавност. Не попладнево, не вечерва, не утре, туку веднаш. Кој учествуваше во ова и кој ѝ потврди на Марија Васиќ дека се во контакт со синдикатите на српската војска, дека преговараат со Армијата како белградски Универзитет и дека белградскиот Универзитет гарантира оти армијата ќе излезе на улица и ќе реагира? Која е улогата на Универзитетот во Белград во планирањето на државниот и воениот удар?“, праша Брнабиќ.

Таа праша и дали поради тоа е формирана таканаречената експертска работна група, која во својот извештај практично информира, како подготовка за 15 март, дека барањата не само што не се исполнети туку и дека е невозможно да се исполнат.

Најави дека ќе реагираат Обвинителството и сите надлежни органи.

Прикажи повеќе...

Регион

Српскиот парламент затворен за прaтениците и вработените: „Ова е државен удар“

Објавено пред

В сабота во Белград ќе се одржи голем протест, на кој граѓаните се поканети од студенти, што српската влада го смета за обид за насилно соборување на власта.

dobivaj vesti na viber

Српскиот парламент ги извести пратениците и вработените дека од денеска до 16 март на полноќ ќе бидат затворени зградите на Собранието од безбедносни причини.

Во известувањето е наведено дека генералниот секретар на Собранието врз основа на безбедносната процена на Министерството за внатрешни работи, а со цел да се избегне каков било, макар и минимален простор за потенцијални провокации и конфликти, донел одлука за затворање на зградите на Собранието, поточно домот на Народното собрание и зградата на Народното собрание, пренесува „Фонет“.

Одлуката е донесена „само од безбедносни причини, со цел да направиме сѐ што е во наша моќ најавениот митинг на 15 март во Белград, пред Народното собрание, да се одвива без никакви инциденти“, се наведува во соопштението, во кое се повикуваат сите да направат сѐ за протестот в сабота да помине мирно и без никакви инциденти.

Адвокатот Стефан Јањиќ, пратеник и генерален секретар на Србија центар, изјави дека Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ преку „незаконската одлука на генералниот секретар на Народното собрание, Срѓан Смиљаниќ“ да им забрани на пратениците да влезат во зградата на парламентот штотуку извршила еден вид државен удар во Србија.

„Никој не може да им забрани на пратениците да влезат во Собранието, особено не на назначеното лице што е одговорно за организирање на работата на стручните служби и за набавка на тоалетна хартија. Јасно е дека наредбата за прекршување на Законот за Народното собрание ја издаде Ана Брнабиќ, која ги спроведува налудничавите идеи на Александар Вучиќ. Овој чин го означи завршувањето на таканаречениот државен удар „одозгора“, специфичен облик во кој највисокиот носител на државната власт ја узурпира власта на незаконски и неуставен начин. Диктатурата ќе биде нејзина последица“, нагласи Јањиќ, пренесува „Ал џезира“.

В сабота во Белград ќе се одржи голем протестен митинг, на кој граѓаните се поканети од студенти, што српската влада го гледа како желба за насилно рушење на државните институции.

Србија веќе четири месеци е блокирана од студентските протести поради смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Студентите бараат казна за одговорните, како и поголемо владеење на правото во државата.

Студенти од градовите во Србија пеш одат кон Белград на големиот протест в сабота. Тие не се сами во својата потрага. По нив, следуваат и средношколци, просветни работници и работници од разни сектори.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија2 часа

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија3 часа

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија4 часа

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија4 часа

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет4 часа

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија5 часа

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа7 часа

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија7 часа

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија7 часа

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија8 часа

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...

Македонија9 часа

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието...

Македонија9 часа

„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 отсто поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините...

Македонија10 часа

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет10 часа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Македонија10 часа

„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на...

Европа11 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет11 часа

(Видео) Џеј-Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет11 часа

Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...

Свет12 часа

(Видео) Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на „боинг“ во Денвер

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи...