Контакт

Вести

Путин и Оланд за „голема коалиција“ против IS и казнување на злосторниците

Објавено пред

 Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави во четвртокот во разговорот со својот домаќин рускиот претседател Владимир Путин дека светските сили мора да формираат „голема коалиција“ за борба против екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) која контролира големи подрачја во Сирија и во Ирак, додека Путин оцени дека средбата минала во „атмосфера на доверба и конструктивност“.

dobivaj vesti na viber

Путин исто така, истана дека на средбата било посветено „првостепено внимание“ на заедничката борба против тероризмот и решеноста на двете земји да ги пронајдат и казнат сторителите на двата големи терористички напади против овие држави со стотици жртви. Станува збор за уривањето на рускиот патнички авион со 224 луѓе во Египет и атентатите во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, за кои одговорноста ја презема Исламската држава. „Тоа е наша заедничка трагедија, обединети сме во своите намери да ги најдеме и казниме злосторниците“, рече.Путин истакна дека Русија и Франција, исто така, е согласиле да ги интензивираат напорите во антитерористичките операции, со зајакнување на размената на информации, за да се избегнат непотребни дуплирања на акциите или инциденти.„Русија и Франција го познаваат духот на сојузништвото. Тоа не се случило еднаш во нашите истории. Денеска се договоривме да ја засилиме нашата заедничка работа во антитерористичките активности, да се зајакне размената на информациите за борбата против тероризмот, да се воспостави конструктивност на нашите воени експерти….“, рече рускиот претседател на заедничката прес-конференција во Москва со францускиот челник,  и додаде дека тоа ќе придонесе за поефикасна борба на двете земји со тероризмот.Се зголемува бројот земји, рече Путин, коишто ја прифаќаат инцијативата за формирање широка коалиција под покровителство на Обединетите нации за борбата против Исламската држава.„Ќе напомнам дека бројот земји кои ја споделуваат иницијативата се зголемува. Убедени сме дека искоренувањето на тероризмот во Сирија ќе ги создаде неопходните услови за постигнување трајно решение на сириската криза“, рече Путин.Рускиот претседател, исто така, рече дека со францускиот колега се согласиле „најактивно да продолжат во рамките на меѓународната група за поддршка на Сирија, да ја промовираат имплементацијата на сите постигнати договори, во прв ред за роковите и параметрите за спроведување на меѓусириските преговори“.Од своја страна, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Владимир Путин може да смета на поддршката на Париз по терористичкиот чин со авионот на Синајскиот полуостров, заблагодарувајќи му се на рускиот челник и на рускиот народ за изразите на сочувство во врска со терористичките напади во Париз од 13-ти ноември.Оланд притоа истакна дека Париз сторил се што е потребно за ефикасно учество во искоренувањето на Исламската држава. Изрази убеденост дека Франција и Русија во борбата против тероризмот мора да работат заедно.„Нашиот непријател е Исламската држава, има територија, има војска и ресурси, и мораме да формираме голема коалиција за да удриме по тие терористи. Со вас сум во Москва за да ги видиме начините на кои можеме заеднички да дејсиувате и да се координираме за да удриме по таа терористичка група, но исто така и да ги најдеме решенијата за постигнување мир“ во Сирија, додаде францускиот претседател.Ударите на Франција и Сирија врз Исламската држава ќе бидат координирани, истакна Оланд, на што Путин се надоврза дека успешната борба против терористите во Сирија не е возможна без копнена интервенција а, како што истакна, неа може да ја обезбеди само армијата на (сирискиот претседател Башар ал-) Асад, чие заминување од власта инаку го бараат западните земји. Смислата на средбата во Путин се состои во напорот да се организира заеднички дејствија против терористите, рече Оланд. „Сите страдаме од тероризмот, тероризмот може да удри на која и да е точка на планетата. Тоа е смислата на нашата средба во Москва – мораме да работиме заедно“.Оланд во тој контекст повтори дека двајцата челници се договориле за интензивирање на заедничката акција против терористите, размената на разузнавачките информации и да се координираат нападите врз Исламската држава.„Со претседателот Путин се согласивме за три главни точки: прво ќе се обидеме да се интензивира размената на разузнавачките информации и сите податоци меѓу нашите сили, нападите врз Исламската држава ќе бидат интензивирани и ќе бидат координирани, и трето – мораме да ги фокусираме нашите воздушни удари врз Исламската држава и другите терористички групи“, рече Олан.Франција и Русија се договориле да се напаѓаат само терористичките групи, и оти не треба да се нанесуваат удари врз групации кои исто така се борат со терористите, рече Оланд, алудирајќи на групите на вооружената сунитска сириска опозиција којашто е поддржана од меѓународната коалиција предводена од САД, во којашто учествува и Франција, кои Западот ги смета за „умерени“.„Се согласивме со Путин за една многу важна точка: треба да се удира само врз терористите. Важно е да не се извршуваат удари оние групи коишто, исто така, се борат против терористите. Неопходно е да се утврди кој може да се напаѓа, а кој не“, посочи Оланд./крај/мф/сн

Извор: ТАСС

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија6 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија7 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет10 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија11 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија14 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија14 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија15 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија15 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија16 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија17 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија17 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија17 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет18 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет18 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет18 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија19 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...