Свет
Американскиот амбасадор во Ватикан вели дека Кина лаже за верскиот прогон

Калиста Гингрич, американскиот амбасадор во Светиот Престол, изјави неделава дека Кина лаже за прогонот на верниците и дека мора да биде прозвана за кршење на човековите права, пренесува католичкиот магазин „Крукс“.
„Она што се случува во автохтониот регион на Ујгурите во Кина, Ксинџијанг, е навистина шокантно”, изјави Гингрич за Крук. „Според нашитре проценки, кинеските власти уапсиле повеќе од еден милион Ујгури, етнички Казахстанци и други муслимански и малцински групи, и ги испратиле во интернација во логори.
Според неа, овие групи се подложени на мачење, репресивни мерки за надгледување, конфискации на Куранот, сексуална злоупотреба и на смрт. Кина тврди дека овие кампови се ‘хумани центри за обука за работа’, но тоа е лага што не се демантира ни со документи од кинеската влада.
„Додека кинеската влада не ги измени своите контрапродуктивни политики кон верниците, САД ќе продолжат да ја искажуваат својата загриженост”, нагласи Гингрич.
Минатата есен Ватикан потпиша договор со кинеската комунистичка влада во врска со именувањето на идните бискупи, но Кина оттогаш не покажала намера да се повлече од својата апсолутна контрола врз религиозната пракса во земјата, која и официјално е атеистичка. Високи црковни претставници го нарекоа договорот предавство на кинеските католици.
Според „Опен дорс“, група која го следи прогонот на христијаните во светот, антихристијанскиот прогон во Кина се интензивираше под водство на лидерот на Комунистичката партија, Си
Ѓинпинг, кој вети дека ќе ги „покинези” религиите во земјата со тоа што ќе ги натера да ги наметнат основните комунистички вредности.
Прогонот на христијаните во Кина е на најлошо ниво повеќе од една деценија, а најмалку 50 милиони луѓе се соочуваат со некаква форма на репресија додека администрацијата на Сји го зацврстува својот став за религиозното обожавање.
Папата Франциско, од своја страна, јавно ја бранеше праксата на комунистичката Кина за верска слобода, тврдејќи дека кинеските цркви се полни и дека религијата слободно се практикува.
„Во Кина црквите се полни”, рече Франциско во интервју за „Ел паис” во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.