Свет
Папата го именува првиот Афроамериканец за надбискуп на Вашингтон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/h_99363296.jpg)
Папата Франциско го именува првиот Афроамериканец за надбискуп на Вашингтон на позицијата на која двајца негови претходници беа вмешани во скандали со сексуални злоупотреби.
Поранешниот надбискуп на Атланта, Вилтон Грегори (71), е именуван за нов надбискуп на американската престолнина и најверојатно ќе стане и кардинал со право на учество во конклава што ја избира папата.
Тој ќе биде прв кардинал Афроамериканец. Американската амбасада во Ватикан соопшти дека именувањето на Грегори се совпаѓа со 51-годишнина од убиството на Мартин Лутер Кинг Јуниор.
Грегори, кој се свртел кон католицизмот како тинејџер, се смета за напреден застапувач на дијалогот и во голема мера ги избегнува радикалните ставови и војни на Католичката црква за прашањата како што се абортусот и хомосексуалноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Први фотографии од Минхен по упадот на автомобил во група демонстранти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/minhen-upad-avtomobil.jpg)
Најмалку 15 лица се повредени кога автомобил „мини купер“ влетал во група луѓе во Минхен, Германија. Според непотврдени информации, автомобил влетал во група демонстранти.
По инцидентот возачот е уапсен. На стампедото наводно му претходело пукање, пренесува Билд.
🚨Breaking News🚨
A car has ploughed into a crowd in a street in Munich streets of Dachauer Straße / Seidlstraße.
At least 15 people have been injured. pic.twitter.com/eNFAkcXlYj
— David Atherton (@DaveAtherton20) February 13, 2025
На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат голем број полицајци и пожарникари околу автомобилот што го предизвика инцидентот.
На фотографиите се гледаат и луѓе кои лежат на земја.
Според очевидци на местото на настанот, автомобилот намерно влетал во група луѓе на улицата.
Засега не е познато што му претходело на инцидентот.
Европа
Шолц: Следната задача е да се осигури дека нема наметнат мир за Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/olaf-sholc.jpg)
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека договорот за ставање крај на војната во Украина не треба да му се наметнува на Киев, откако американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се согласи да ги отвори преговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
„Следната најважна задача е да се осигураме дека мирот не е наметнат никому“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за „Политико“.
Тој нагласи дека на Украина треба да и се остави доволно простор за развој и по прекинот на огнот. Ова важи и за воените сили.
„Украина мора да има силна армија, поголема од пред војната, а таа армија мора да биде опремена и со западно оружје“, рече канцеларот.
АФП пренесува дека Шолц во интервјуто нагласил дека трансатлантското единство мора „секогаш да биде загарантирано“.
Шолц додаде дека исто така не треба да има конечно решение без согласност на САД и ја истакна улогата на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Разговорите што ги имав со американскиот претседател и разговорите на моите советници со советниците на Доналд Трамп одат во насока на надеж и очекување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц.
Канцеларот во исто време ја отфрли можноста за испраќање германски војници во Украина во овој момент.
„Сите знаат дека тоа сега не доаѓа предвид“, рече тој.
Во оваа фаза „не е јасно под кои услови Украина би била подготвена да се согласи на мировен договор“, рече Шолц.
Регион
Обвинителство во БиХ: Мајката и детето најверојатно се убиени со задушување, се чека обдукција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250213022.jpg)
Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на лице место во семеен стан во Калесија, каде во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментално е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени од задушување. Денеска ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејствија кои по наредба на обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.