Македонија
Едмонд Адеми во посета на Италија и Ватикан

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, од утре до вторник ќе биде во работна посета на Италија и на Светиот Престол, Ватикан.
Тој утре ќе учествува на церемонијата на одбележување на десетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во градот Акиле во Италија, каде што животот го загубија 309 луѓе, меѓу кои и пет државјани на Република Северна Македонија. Во Акиле министерот Адеми ќе реализира средба со претседателот на регионот Абруцо и градоначалникот на општина Поџио Пиценче.
Во Акиле министерот ќе има средби со претставници на нашата дијаспора која живее во тој регион, додека в недела, предвидени се средби со нашата дијсапора која живее во Рим и околината.
В понеделник Адеми ќе го посети Ватикан, при што ќе се сретне со секретарот за односи со државите во Ватикан, Паул Ричард Галлагхер.
Министерот Адеми ќе ја заокружи работна посета во Италија во вторник, со низа билатерални средби во Италијанскиот парламент и во Министерството за надворешни работи на Италија.
Во Италијанскиот парламент ќе се сретне со претседателката на комисијата за надворешни работи, Марта Гранде, додека во италијанското МНР ќе има средби со заменик-министерката Емануела Дел Ре, државниот потсекретар Рикардо Антонио Мерло и директорот на Генералниот директорат за италијански граѓани во странство и политиките за миграција, Луиџи Мариа Вигнали.
Фокусот на средбите ќе биде ставен на можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Италија, како и за актуелните политички цели и приоритети на влада на Република Северна Македонија со посебен акцент на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.