Македонија
Воените оркестри на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ја интонираа заедно македонската химна
Во чест на 70-годишнината на НАТО, во Националната филхармонија во Скопје, воените оркестри на вооружените сили на Република Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Грција и Република Словенија одржаа заеднички концерт. Во рамки на концертот оркестрите заеднички ги интонираа химните на Северна Македонија и на НАТО.
„Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и ден посветен на нашите сега веќе успешно реализирани амбиции. Заедно сме секогаш посилни. Убедена сум дека петте воени оркестри на Република Северна Македонија, на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Грција и Словенија ќе ни приредат настан чиешто ехо ќе зборува посилно од кој било збор“, рече министерката Шекеринска на почетокот на концертот.
Припадниците на здружениот оркестар концертот го почнаа со интонирањето на химните на НАТО и на нашата татковина, по што продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

