Вести
Турција нападна село во Сирија под контрола на Курдите

Тенкови на турската војска гранатирале село во северна Сирија кое е под контрола на курдските сили, при што се ранети четири борци на сириската вооружена опозиција кои им се придружила на курдските сили, соопштија во понеделникот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, и Единиците за заштита на курдскиот народ (YPG).
Нападите во понеделникот следеа откако Турција последните денови презема серија воздушни удари против џихадистите од Исламската држава на територијата на соседна Сирија, како и врз забранетата во Турција курдска партија Работничка партија на Курдистан (PKK), во северен Ирак.
Раководството на курдските сили во Сирија – Единиците за заштита на курдскиот народ (YPG), потврди дека турските тенкови ги бомбардирале нивните позиции, како и позициите на нивните арапски сојузници, во сириското село Зур Магар во провинцијата Алепо.
„Наместо да се насочат на позициите на терористичката Исламска држава, турските сили ги напаѓаат нашите одбранбени позиции. Ги повикуваме турските челници да престанат со оваа агресија и да се придржуваат до меѓународните препораки. Ѝ порачуваме на турската армија да престане да ги гаѓа позициите на нашите борци“, се наведува во соопштението на YPG испратено до светските агенции.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во понеделникот оцени дека нападите врз Исламската држава и Работничката партија на Курдистан би можеле „да ја променат рамнотежата“ во Сирија и во Ирак, истакнувајќи дека Анкара не размислува за испраќање копнени единици во Сирија.
„Нема да испраќаме копнени единици на сириската територија (…), но не ја сакаме Исламската држава на турската граница“, рече Давутоглу. За операциите против PKK рече дека се покренати за во Турција „повторно да се воспостави редот“.
Турскиот премиер офанзивата против џихадистите ја оправда со минатонеделниот самоубиствен бомбашки напад на турски сунитски екстремист во Суруч на југот на Турција во кој загинаа 32 лица, но сите курдски активисти кои сакаа да учествуваат во обновата на разурнатиот курдски град Кобане во Сирија.
„Сакаме да се знае дека Исламската држава скапо ќе го плати за убиството на 32 луѓе, за никогаш повеќе да не презема таков напад“, заклучи Давутоглу./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.