Спорт
Трипл-дабл за Хезоња, Јокиќ и Шариќ најдобри кај своите тимови
Марио Хезоња, Никола Јокиќ и Дарио Шариќ блеска синоќа во НБА лигата. Хезоња го забележа првиот трипл-дабл во кариерата, Шариќ беше најефикасен кај Минесота, а Јокиќ остана краток за една асистенција до трип-дабл.
Њујорк Никс се поразени од Хјустон Рокетс 120:96, а Хезоња заврши со трипл-дабл од 16 поени, 16 скока и 11 асистенции.
Минесота ги совлада Маљјами Хит 111:109. Најефикасен играч на Минесота беше Дарио шариќ со 19 поени, седум скока и пет асистенции.
Денвер со победата над Портланд 119:110 ја обезбеди титулата во дивизијата Среден запад. Никола Јокиќ го предводеше својот тим со 22 поени, 13 скока и девет асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фаворитите сигурни во 16.коло во домашниот шампионат
Комплетирано е 16.коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое е јасно дека пет клуба ќе се борат за шампионската титула, а остатокот од лигата ќе води ботка за опстанок.
Тимовите од врвот запишаа рутински победи на своите конкуренти. Шкендија, Работнички и Гостивар славеа со идентични 2:0 против Шкупи, Тиквеш односно Вардар. Силекс убедливо со 4:1 го победи тимот на Воска спорт, а Струга минимално со 1:0 го победи Пелистер.
Табела:
Спорт
Маурицио Сари ќе го наследи Пикси на клупата на Србија?
Маурицио Сари наводно ќе биде нов селектор на српската фудбалска репрезентација, доколку таа функција ја напушти Драган Стојковиќ Пикси.
Италијанецот ќе биде првиот пик на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) за наследник на Пикси, пишува „Republika.rs“. Српските медиуми претходно објавија дека Пикси е се поблиску порано да го напушти кормилото на националниот тим и да прифати профитабилна понуда од Азија.
„Maxbet Sport“, тврди дека од Азија биле подготвени да платат обесштетување за Пикси, кој има договор со ФСС до 2026 година. Овој извор не наведува дали станува збор за клуб или репрезентација, но наведува дека новата соработка би можела да започе од почетокот на 2025 година.
Спорт
Алек Ѓорѓиевски, млада надеж во македонскиот 3×3 баскет
Алек Ѓорѓиевски кој е роден 20.11.2000 во Скопје на 9 години почнува да тренира кошарка во клубот “Соколи Карпош”. За две години преминува во клубот “КК Вардар” под водство на тренерот Владимир Мирковски, каде што игра до 14 години. Од “КК Вардар” добива понуда да игра за “ШКК Звездара” под водство на тренерот Стефан Коканович во Србија-Белград, каде игра четири години.
Додека игра за “ШКК Звездара” присуствува во младинска репрезентација на Македонија. Од ШКК Звездара преминува во “КК Куманово 2009” каде игра една сезона и потоа се одлучува да почне да игра 3×3 Баскет. Започнува во екипата “Solution X3” благодарение на Бојан Борисовски, Стефан Трајковски и Огнен Ивановски, каде што учествува на Македонски и интернационални турнири во: Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија.
По извесен период е повикан од Македонската репрезентација 3×3 на селективни тренинзи. Во меѓувреме забележан е од повеќе екипи од Р.Србија, каде и го повикуваат да игра за нив.
Во следниот период игра и за дел од нив, 3×3 Палкис на повик од Драган Потич, 3×3 Aтлантик, 3х3 Избачени Ван Рекета, 3×3 KG Wild Boars на повик од Златан Оманович.
Во иднина се гледа да учествува на турнири на високо ниво како што се Ворлд Тур и Челинџер.