Свет
Шпанските социјалисти водат на анкетите во пресрет на изборите
Шпанските социјалисти би победиле на изборите, кои се закажани на 28 април, со 31 отсто од гласовите, стои во анкетата на АБЦ, што претставува меѓу 137 и 139 пратенички места во 350-члениот парламент, што не е доволно за мнозинство.
Коалицијата на три партии на десната струја, Народната партија, Граѓани и крајната десна Вокс, би освоила 45,6 проценти од гласовите, што е меѓу 149 и 158 места, но и тоа е недоволно за мнозинство, според податоците од анкетата.
Социјалистот Педро Санчез би можел да биде повторно избран за премиер ако упсее да формира уште едно парламентарно мнозинство со помош на крајната лева партија Подемос, како и националистичките партии од Валенсија и Баскија.
Санчез би можел исто така да се обиде да состави коалиција со Граѓани, но оваа партија веќе претходно одбила слични наводи за соработка со социјалистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик: Нема да ја почитувам одлуката на Уставниот суд
Српскиот лидер во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека нема да ја почитува одлуката на Уставниот суд на таа земја, кој го оспори изборниот закон за ентитетите, и покрај тоа што неговата партија ќе учествува на претстојните локални избори, кои се одржуваат според одредбите на друг државен изборен закон.
„Изборниот закон на Република Српска е уставен и овој правен акт ќе се применува“, изјави Додик за Радио телевизија на Република Српска, реагирајќи на вчерашната одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Тој суд оцени дека со донесувањето на Изборниот закон на Република Српска е прекршен Уставот на Босна и Херцеговина. На овој начин се оспорува улогата на Централната изборна комисија на БиХ, која е задолжена за организирање и спроведување на изборите.
На ваков потег се одлучија откако високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит наметна измени во изборниот законик на Босна и Херцеговина.
Сепак, Додик тврди дека само ќе го почитува Изборниот законик за ентитетите бидејќи тој не бил оспорен од Уставниот суд на Република Српска. Но, државниот е.
И покрај приговорите и отфрлањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ, кои властите на Република Српска ги нарекуваат скратени затоа што двајца српски судии не учествуваат во неговата работа, партиите на власт од тој ентитет сепак ќе учествуваат на претстојните локални избори организирани од државната Централна изборна комисија.
Овие избори ќе се одржат на 6 октомври, а ќе се изберат нови свикувања на градските и општински совети и раководители на 141 општина и град.
Свет
Захарова: ЕУ го изгуби умот и е на пат кон пропаст
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Европската унија „го изгубила умот“ и дека со доделувањето дополнителни средства за воена помош за Украина, тргнала на „патот на пропаст“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во Брисел изјави дека ЕК дополнително ќе одвои околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, што вклучува 60 милиони за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реконструкција, дека оваа сума ќе биде обезбедена од приходи од замрзнати руски средства.
Фон дер Лајен денеска за време на посетата на Киев изјави дека ЕУ ќе и додели на Украина заем до 35 милијарди евра, пренесува РИА Новости.
Захарова го повтори тврдењето дека ЕУ ја загубила својата автономија и е подредена на целите на Вашингтон, велејќи дека Брисел ја изгубил секоја власт.
„Сега ЕУ го изгуби умот. Тоа е курс што води кон ескалација на тензиите со Русија“, рече Захарова.
Таа ги обвини западните земји за кражба на руски имот.
„Крадат се, недвижен имот, движен имот, суверена сопственост. Перењето на овој незаконски стекнат имот буквално се случува пред наши очи, преку купување оружје за Украина“, рече Захарова.
Свет
ЕУ ќе и’ додели заем од 35 милијарди евра на Украина
Европската Унија ќе и’ одобри заем до 35 милијарди евра на Украина за да и’ помогне на таа земја заглавена во тешката војна со Русија, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Заемот, кој беше најавен за време на посетата на шефот на комисијата на Киев, е дел од поширокиот план на земјите од Г7 за собирање пари со користење од руските средства замрзнати за да се санкционира Русија поради инвазијата.
„Немилосрдните руски напади значат дека на Украина и’ е потребна континуирана поддршка од ЕУ“, рече фон дер Лајен во објавата на „Икс“.
Украина се соочува со огромни финансиски потреби по повеќе од две години интензивна војна која ја уништи нејзината инфраструктура.
Русија деактивираше околу 9 гигавати (GW) од енергетската инфраструктура на Украина.
Групата 7 (Г-7) замрзна руски финансиски средства во вредност од околу 300 милијарди долари кусо време по инвазијата на Москва на Украина во 2022 година. Тие ветија дека ќе ги искористат средствата за да му помогнат на својот сојузник, но поминаа месеци дебатирајќи точно како може да функционира таков механизам.
Во мај, ЕУ склучи договор меѓу своите земји-членки според кој 90 отсто од тие приходи ќе одат во фонд управуван од ЕУ за воена помош за Украина, додека останатите 10 отсто ќе го поддржат Киев на други начини.
Се очекува Украина да ја добие првата транша од помошта во јули, соопштија дипломатите на ЕУ.