Македонија
Одбраната со соопштенија објавени на „Фејсбук“ ги брани обвинетите за „Шлаканиците во Центар“
Куси видеозаписи и фото-фајлови од новинарски текстови и соопштенија како докази на одбраната беа презентирани на денешното рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“. Одбраната на голем дел од текстовите не го наведе изворот на веста, односно на кој медиум е објавен текстот, а за дел од текстовите појасни дека станува збор за соопштенија објавени и пренесени на „Фејсбук“.
Презентираните текстови, соопштенија и изјавите од видеозаписите според содржината личеа едни на други. Во нив се наведува дека поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, оди против христијанството, против волјата на граѓаните, врши атака врз МПЦ и дека со промената на ДУП-от или, како што се наведува, наводното рушење на црвката „Св. Константин и Елена“ има цел да ја сквернави православната вера.
Обвинителите од специјалното јавно обивнителство, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи, реагираа на текстовите и соопштенијата предложени од страна на одбаната токму поради веродостојноста на изнесените докази.
„Од овие текстови одбраната не може да вади заклучоци, такво нешто не ни дозволивте ни нам додека презентиравме докази. Не може да се верува на сè што е напишано, но вие ќе оцените за нивната веродостојност“, му се обрати обвинителот Бубевски на претседателот на судечкиот совет, кој го води случајот.
На видеозаписите што беа репродуцирани говореа експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Божиновска, владиката Агатангел и членови на граѓанското здружение „Веритас“, кои на протестите додека траеше седницата на Советот на Општина Центар за промена на ДУП-от влегоа во дворот на Општината, искршија дел од инвентарот и извикуваа погрдни зборови за тогашниот градоначалник Жерновски и советниците од СДСМ.
Обвинети во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште девет лица, кои пред судот се изјаснија за невини.
На претходните судења вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски по што добија условни казни.
Обвинетите се товарат за поттикнување насилство, кое се случи на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Следното рочиште за случајот, на кое ќе бидат презентирани писмени докази, е закажано за 19 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

