Свет
Асанж пред судот во Еквадор изјавил дека е изложен на ризик од атентат

„Викиликс“ објави транскрипт од говорот на Џулијан Асанж на сослушувањето зад затворени врати во еквадорскиот суд, каде што се пожалил дека новите ограничувања што му се наметнати ги кршат неговите уставни права, пренесува „Спутник“.
Асанж сведочеше пред судот за својата ситуација преку „Скајп“ на 29 октомври. Тој призна дека не се чувствува безбедно во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што е затворен од 2012 година.
„Луѓе се обидуваа да влезат во Амбасадата низ прозорците ноќе. Изложен сум на ризик од атентат и ова не е шега, сериозно е“, се вели во објавениот транскрипт.
На судењето Асанж побарал од судијата итно да ги забрани неговото продолжено замолчување и изолацијата – барање што на крајот беше отфрлено.
„Владата одигра игра во која се обиде да ги претстави овие многу сериозни ограничувања за човековото достоинство како да станува збор за интернет. Не е само интернетот, туку ограничени се сите мои телефонски повици“, рече тој додавајќи дека во зградата биле инсталирани три попречувачи на сигналот.
Според транскриптот, Асанж тврди дека со таквите чекори властите на Еквадор отвораат пат за повлекување на неговиот статус на азилант и негово предавање на САД. Тој посочи дека ова промена се случила бидејќи Еквадор одлучил да потклекне на притисокот од САД.
„Поради разни слабости во владата на Еквадор, земјата стана слаба и почна да се потпира на САД и на Велика Британија за поддршка, а со тоа го зајакна влијанието од САД“.
Транскриптот беше објавен неколку дена откако „Викиликс“ објави дека Асанж може да биде протеран од Амбасадата многу бргу. По најавата, специјалниот известувач на ОН за правото на приватност најави посета на Асанж на 25 април за да утврди дали неговите права се навистина прекршени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Патики што инфлуенсер ги донирал во Црвен крст во Германија завршиле во продавница во Босна, ги следел со ГПС

Инфлуенсер решил да почне интересен експеримент и да провери што навистина се случува со работите кои луѓето ги донираат во Црвениот крст. Тој ги зел своите патики во кои го сокрил уредот за следење и ги однел во делот за донирање чевли. Не знаел колку брзо патиките ќе тргнат на пат.
По само неколку дена, благодарение на ГПС сигналот, успеал да ја следи нивната рута. Патиките од Германија тргнале кон Австрија, потоа ја преминале словенечката граница, продолжиле низ Хрватска и на крајот застанале во Босна и Херцеговина. Целото патување траело само шест дена, а на крајот стигнале во продавница за втора рака.
Заинтригиран, инфлуенсерот решил да тргне во потрага по своите патики. Купил билет, се качил во авионот и пристигнал во продавницата. Со насмевка на лицето ги пронашол своите патики – истите кои лично ги донирал.
View this post on Instagram
Тој го прашал продавачот од каде ја набавуваат робата за продажба, на што му било кажано дека неговиот шеф работи во Германија и дека повеќето работи доаѓаат од таму, пренесе „Телеграф“, а разговорот е прикажан во видеото.
На крајот, инфлуенсерот отворено ја изрази својата збунетост и загриженост.
Свет
Израел: Иранската револуционерна гарда се обиде да нападне наши граѓани на Кипар

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека Иранската револуционерна гарда се обидела да изврши напад врз израелски граѓани на Кипар, но дека планот бил спречен благодарение на соработката на кипарските и израелските безбедносни служби.
Саар го објави ова на платформата „Икс“, без да даде дополнителни детали за наводниот напад. Иран се уште не се огласил. Претходно денеска кипарските власти потврдија дека уапсиле британски државјанин под сомнение за тероризам и шпионажа.
Според локалните медиуми, осомничениот од средината на април ја набљудувал британската воена база РАФ во блискиот Акротири, како и кипарската база.
Засега не се знае дали ова лице има некаква врска со наводната завера која ја спомена израелскиот министер.
Свет
Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека западните компании, вклучително и германските и чешките, продолжуваат да ја снабдуваат руската воена индустрија и повика на воведување санкции против тие компании.
„Руската Федерација добива машини од одредени земји, а потоа ги користи за производство на оружје“, рече вчера украинскиот претседател на брифинг со новинарите што до денеска беше под ембарго.
Според него, петнаесет такви компании се од Тајван, тринаесет се германски, осум се чешки, шест се јужнокорејски, три се јапонски и три се индиски.
„И една компанија од САД испорачува мал број делови за машините“, додаде тој, велејќи дека ги имал и имињата на сите тие компании.
„Ги споделивме сите овие информации со нашите партнери – Европската унија и САД. Повикуваме тие компании да бидат санкционирани“, продолжи Зеленски.
Според податоците со кои располага украинскиот претседател, споменатите компании можат да ги исклучат ваквите машини, имајќи предвид дека тие „работат со помош на далечински електронски системи“.
„Тие компании можат да ги исклучат, па машините повеќе нема да работат. Тоа би го забавило процесот. Да речеме дека би било како да се разоружа Русија без оружје“, рече тој.
Зеленски рече дека Киев испратил информации за постоењето и работењето на такви компании во 26 земји.
Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, строги западни санкции беа воведени кон Москва, конкретно насочени кон спречување на испорака на опрема и технологија што ги користи нејзината воена индустрија.
Но, Москва делумно успеа да ги заобиколи со организирање на увоз преку трети страни или сојузнички земји.