Контакт

Избори 2019

Силјановска: ЕУ нема да биде целосна симфонија без Западен Балкан и без Македонија

Објавено пред

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова вечерва им се обрати на граѓаните во Кичево. Таа им посака добредојде на кичевци и им рече дека е дома, во својот роден град, градот на нејзините прадедовци, дедовци, баби, на татко ѝ, мајка ѝ. Кичево е градот и на нејзините побратими Албанци. Кичево е и родно место на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Силјановска-Давкова му се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што отвори врата за неа, иако не е нејзин член. Иако е непартиски кандидат, ВМРО-ДПМНЕ го направи вистинскиот чекор, демократски, реформски, победнички, зашто заедно ќе ги привлечат не само членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и членовите и симпатизерите на коалициските партнери на коалицијата „За подобра Македонија“, но и неутралните членови. Тука ги додаде и разочараните членови од СДСМ, разочараните од шарената револуција.

„Македонија и географски, и културно и историски секогаш била дел од Европа. Сигурна сум дека ЕУ нема да биде целосна симфонија без Западен Балкан и без Македонија“, нагласи Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова потсети дека за Западен Балкан велат оти е Ахилова петица на ЕУ.

„Ама јас, која предавам не само уставно право туку и европско уставно право, ги убедувам студентите дека тоа е нашиот заеднички дом и дека не се оди во ЕУ качени на ‘Ориент експрес’ кон Брисел, туку по ЕУ-стандардите. Тоа ќе го направиме ние“, посочи Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова рече дека Македонија има сериозни проблеми и демократски дефицит. Оцени дека животот што го ветила власта таа не го видела. Единствената промена што ја направија закитени со придавката реформска влада беше промена на името, рече Силјановска.

„Нам ни се потребни стандарди за живототот да биде европски во Македонија. Да живееме како сите во европските метрополи. Да сакаат Европејците да доаѓаат овде, да си ги вратиме децата однадвор. Над 60 отсто бегаат во потрага по живот надвор, не го препознаваат тука“, рече таа.

Силјановска-Давкова потсети дека сме на врвот меѓу најзагадените земји, а таа како идна претседателка, на загадувањето и на еколошката катастрофа ќе гледа како на безбедносна дилема и безбедносна криза.

„Во која било земја парламентот ќе прогласеше вонредна состојба поради елементарна непогода на загаденост, но до тоа не дојде овде во Македонија, власта не прогласи елементарна непогода на загаденост бидејќи се занимаваа со други работи.

Силјановска Давкова рече  дека по нејзината победа на претседателските избори, премиерот мора да распише итно предвремени парламентарни избори.

,,Јас сум сигурна дека новата власт, идната парламентарна власт нема да се однесува како оваа власт. Ќе биде поинаква, ќе трага по компромис, ќе се однесува државнички, ќе трага по консензус за националните прашања. Зошто и тие ќе станат и европски прашања. Се што правеше оваа власт нема да прави новата власт”, истакна Силјановска Давкова.

На самиот крај, кандидатката вети пред граѓаните дека кога ќе стане претседател на државата ќе се посвети на својот народ и нивните проблеми. Ќе се обрати пред Собранието и ќе се обраќа, не само еднаш туку повеќе пати, односно ќе помага секогаш кога ќе смета дека се загрозени интересите на граѓаните.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized6 минути

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија21 минута

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија2 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија2 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија2 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија4 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет4 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион5 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет5 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија15 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет17 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион19 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија22 часа

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија23 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија1 ден

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет1 ден

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион1 ден

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...