Црна хроника
Од сообраќај исклучени 34 возачи кои немале дозвола
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 13 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 35 возачи, од кои: 34 возачи затоа што управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се четири возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четири поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 48 поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 38 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 110 мандатни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои осум лица добиле телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

