Македонија
Министерството за правда: Остануваат клучните разлики за СЈО, консултациите ќе продолжат
Вчера била одржана средба на која се разгледувал последниот законски текст за Јавното обвинителство, јави Министерството за правда.
Оттаму преку сооопшение не посочија кој присуствувал на средбата, но истакнаа дека двете страни се согласиле консултациите за законот да продолжат бидејќи клучните разлики и понатаму се присутни.
„Уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница, кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување преговори со Европската Унија“, велат од Министерството за правда.
Премиерот Зоран Заев вчера во изјава за медиумите рече дека дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО е прифатен. Заев дополни дека бомбите нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година. На неговата изјава реагира опозицијата, од каде што истакнаа дека тоа не е вистина и рекоа дека очигледно Заев го немал прочитано новиот предлог што министерката за правда, Рената Дескоска, го доставила до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ
После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ, вели престедателскиот кандидат Стево Пендаровски отклако претходно неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова објави коментар дека Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.
„Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.
И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка“, реагира Пендаровски на прозивките на Давкова.
Македонија
Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник
Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова со свој коментар на социјалната мрежа X, по повод отсуството на противкандидатот Стево Пендаровски на тв-дебата на Македонската телевизија.
“Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче“, напиша таа.
Не разбирам, вели Сиљановска-Давкова, зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.
„Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.
Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, пишува Сиљановска-Давкова на социјалните мрежи.
Доби и одговор од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.
„Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ“, реагира Пендаровски на социјалните мрежи.
Македонија
Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа
„Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателски избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.
„Многу работи се изнаслушав овие шест години откако сум претседател на партијата, и многу работи како што тие ги замислиле не излегоа како што тие ги кажуваа. Можам да кажам слободно дека ништо не излезе така како што тие кажуваа“, рече Мицкоски говорејќи дека на СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа.
Мицкоски додаде на СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој мисли добро на Македонија. „По осми мај ќе победи Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ“.
„Сепак 183.000 гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и половина години на локалните избори кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници“, потсети тој.
Мицкоски кажа дека таа историја од локалните избори продолжи да се испишува и во првиот круг на претседателски избори и така ќе продолжи и на осми мај.
„По осми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа“, порача Мицкоски.
Тој истакна дека подобри времиња за Македонија доаѓаат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.