Спорт
Меџик Џонсон замина од ЛА Лејкерс

Ирвин Меџик Џонсон повеќе не е претседател на кошаркарските операции во НБА-франшизата, ЛА Лејкерс. Меџик ја напушти функцијата по една неуспешна сезона, а јавноста го осуди начинот на кој замина од клубот.
Легендарниот кошаркар одлуката ја соопшти на прес-конференција во пресрет на последниот натпревар на ЛА Лејкерс оваа сезона. Лејкерси шеста година по ред го пропуштаат плејофот.
Меџик рекол дека немал храброст да се соочи со сопственичката Џени Бас дека заминува од клубот.
„Ми беше многу подобро кога бев постариот брат или амбасадор на франшизата“, рекол Меџик.
Најпознатиот кошаркарски новинар во САД, Адријан Војнаровски, упатил критики за работата на Меџик.
„Од моментот кога ја презеде функцијата, Меџик Џонсон никогаш не ѝ се посвети на вистински начин. Често патуваше одвоено од тимот. Во канцеларијата не минуваше доволно време. Речиси и да не скаутира играчи. За да водите НБА-тим, треба да бидете посветени како со времето така и со енергијата“, напишал Војнаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рашфорд нема да игра до крајот на сезоната

Напаѓачот на Астон Вила, Маркус Рашфорд, би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на тетивата.
Степенот на повредата сè уште се утврдува, па затоа не е исклучено Рашфорд, кој игра за Астон Вила како позајмен од Манчестер Јунајтед, да се врати во тимот пред крајот на Премиер лигата, објави денес Би-Би-Си.
Сепак, поверојатно е Рашфорд да се фокусира на закрепнување за да биде подготвен за натпреварите на Англија во јуни, односно за квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора и пријателскиот натпревар против Сенегал.
Рашфорд не играше во поразот од Кристал Палас во полуфиналето на ФА Купот во саботата.
Тој одлучи да не разговара со ниту еден клуб за својата иднина до крајот на летото.
„Договорот на Рашфорд со Манчестер Јунајтед истекува во 2028 година, но тој не очекува повторно да игра за клубот сè додека Рубен Аморим е менаџер“, објави Би-Би-Си.
Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, го повика во националниот тим во март откако 27-годишникот го пропушти Европското првенство во Германија минатото лето.
Спорт
Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната

Реал Мадрид го загуби трофејот во Купот, откако во драматичен натпревар, пол со тензии, загуби од Барселона со 2:3. Два дена по натпреварот „Дон Балон“, објави дека имало жестока конфронтација во соблекувалната на Реал по натпреварот во Севилја.
По втор пат во рок од неколку месеци, Реал доживеа пораз од Барселона во натпревар за трофеј. Финишот на мечот го обележа скандалозното однесување на Антонио Ридигер.
Германецот во „момент на лудило“, фрли пластично шише кон главниот судија, а потоа тргна и физички да се пресмета со него.
„Дон Балон“ објави дека во соблекувалната во кличн влегле Ридигер и капитенот на тимот Лука Модриќ.
„По натпреварот, двајцата играчи се судрија во соблекувалната, што резултираше со тепачка што мораа да ја прекинат другите играчи и членовите на тренерскиот штаб на Карло Анчелоти, кои зачудено гледаа што се случува“.
Хрватот го критикувал Рудигер за неговото однесување и му рекол дека е скандалозно тоа што направил, дека со неговото однесување го оцрнил грбот на Реал и дека тимот не загубил само поради судијата.
Иако Рудигер на почетокот бил бесен и го критикувал Модриќ за неколку работи, на крајот се освести и им се извинил на сите свои соиграчи и на тренерскиот штаб на клубот, а ден подоцна за однесувањето му се извинил и на судијата Де Бургос..
Германскиот дефанзивец се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари.
Спорт
Мектомини руши рекорди во Серија А

Головите на Скот Мектомини во победата на Наполи од 2:0 над Торино се покажаа како важни не само за тимот, туку и за него лично.
Играчот од средниот ред од почетокот на сезоната постигна 11 гола во Серија А и стана најефикасниот Шкотланѓанец во историјата на италијанското фудбалско првенство.
Претходниот рекордер беше легендарниот Денис Лоу, кој постигна десет гола во својата единствена сезона во Торино (1961/62).
Мектомини го сруши рекордот во 30. првенствен натпревар во својата дебитантска сезона со тимот на Наполи.
Шкотланѓанецот пристигна во Неапол минатото лето од Манчестер Јунајтед за 30,5 милиони евра и оттогаш доживува ренесанса.
Наполи моментално е лидер во Серија А и има огромна шанса да ја освои титулата оваа сезона. Во последните четири кола Наполи влегува со три поени повеќе од Интер.