Свет
Поголемото воено присуство на САД и НАТО во Полска нема да ја зајакне безбедноста на ЕУ
Проширувањето на военото присуство на западот во Полска нема да ја зајакне безбедноста на Варшава, ниту онаа на Европа како целина, рече рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, во интервју за ТАСС.
„Зголемувањето на странското воено присуство во Полска, особено она на САД и НАТО, нема да ја зголеми безбедноста ниту на Европа ниту на Полска. Згора на тоа, земјите од НАТО далеку ја надминуваат Русија и во воени трошоци и во акумулиран воен потенцијал вклучувајќи го и оној на Европа“, рече Андреев коментирајќи го антирускиот страв активно поттикнат од Варшава.
„Членовите на НАТО одржуваат воени вежби на нашите западни граници и на границите на Белорусија, која е наш сојузник, далеку почесто отколку што ние вежбаме на западот на нашата земја. Не Русија, туку НАТО е тој што одбива да одржи разговори со воени специјалисти за мерките за да спречува потенцијално опасни инциденти“, додаде тој.
За проширувањето на американското воено присуство во Полска многу се зборува од минатата есен по посетата на Вашингтон од страна на полскиот претседател Анджеј Дуда, кој првпат изрази иницијатива за изградба на „Форт Трамп“ во Полска.
Варшава дури беше подготвена да плати 1,5-2 милијарди долари за да ја обезбеди потребната инфраструктура за американска воена база.
Во моментот во Полска се стационирани тенковска бригада на САД од речиси 3.500 лица и мултинационална дивизија на НАТО со приближно 1.000 војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.