Спорт
Милан повторно под лупата на УЕФА за финансискиот фер-плеј
Милан повторно ќе мора да се објаснува пред Телото за финансиска контрола (ЦФЦБ) на УЕФА околу наводни нови прекршувања на финансискиот фер-плеј (ФФП), во уште еден удар за поранешниот европски шампион.
Милан доби суспензија од настапите во Лига Европа оваа сезона поради ФФП, пред оваа казна да биде тргната од Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но во декември доби закана за исфрлање од европските натпреварувања во 2022/23 и 2023/24 доколку не ги исполни барањата за „чисти“ сметки до јуни 2021 година.
УЕФА денеска потврди дека ЦФЦБ ќе разгледува нов случај на финансиите на италијанскиот клуб, кој наводно не го почитувал протоколот на ФФП во последните три години. Овој случај не е поврзан со тој од декември.
Милан оваа сезона испадна во натпреварите по групи во Лига Европа по поразот од Олимпијакос во последниот меч. Во Серија А, пак, тимот на Џенаро Гатузо е четврти со 32 поени зад Јувентус и четири зад локалниот ривал Интер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лудница на „Крејвен Котиџ“, Фулам – Сити 4:5
Фулам и Манчестер Сити приредија вистинска голеада на „Крејвен Котиџ“, а конечниот резултат во Западен Лондон беше 4:5 (1:3).
„Граѓаните“ влегоа во овој натпревар како фаворити, што го покажаа во првото полувреме со головите на Ерлинг Халанд, Тижани Рејндерс и Фил Фоден во 17-та, 37-та и 44-та минута.
Емил Смит Рау го намали водството на гостите во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Во вториот дел Сити дојде до предност 5:1 благодарение на вториот гол на Фоден во 48-та минута и автоголот на Сандер Берге во 54-та минута.
Сепак, друг поранешен играч на Арсенал, Алекс Ивоби, му даде поттик на Фулам со гол во 57-та минута, а домашните се заканија со пресврт преку Самуел Чукувезе, кој постигна гол во 72-та, а потоа и во 78-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Ред Бул го потврдија Хаџар се следната сезона
Францускиот возач Исак Хаџар ќе вози крај Макс Ферстапен следната сезона во Ред Бул, потврди австрискиот тим.
Хаџар (21) беше промовиран по одличната дебитантска сезона во Формула 1, во која неговиот најдобар пласман беше третото место во Холандија. Младиот Французин ќе го замени Јуки Цунода во тимот, кој со тоа останува без место во Формула 1, бидејќи за него нема место во ниту еден друг тим, дури и во сестринскиот Рејсинг Булс.
Местото на Хаџар, крај Лиам Лосон, во Рејсинг Булс, ќе го заземе Арвин Линдблад, кој годинава беше седми во Формула 2, и со години е член на програмата за млади возачи на Ред Бул.
Линдблад го зазеде единственото слободно место во Формула 1 за следната сезона, а се очекуваше дека некој млад возач ќе ја добие можноста на сметка на Цунода.
Јапонецот ја напушта Формула 1, барем што се однесува до блиската иднина, по пет години, откако доби шанса во Ред Бул од третата трка во сезоната, но во ниту еден момент не беше ни блиску до својот тимски колега.
Најдобриот пласман на Цунода во последните пет сезони е четвртото место во Абу Даби 2021. Лосон го загуби местото во Ред Бул по две трки оваа сезона, но со своите изданија во Рејсинг Булс, тој заслужи да остане во тимот следната година.
Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува овој викенд со Големата награда на Абу Даби. Во последната трка Норис влегува со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 од Оскар Пјастри.
Foto/ EPA
Спорт
Серена Вилијамс се враќа од пензија
Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 гренд слем титули, поднесе документација што го иницира нејзиното враќање во 2026 година.
Серена (44) последен пат играше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, каде што победи на два натпревари пред да изгуби од Ајла Томљановиќ во третото коло.
Тој пораз се случи на 2 септември, а само еден ден подоцна, Серена поднесе барање за официјално пензионирање до Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, што значеше дека повеќе нема да мора да го открива своето место на живеење, за случајни допинг тестови на дневна основа.
Вилијамс имаше намера да се врати порано, во Њујорк оваа година, за да игра двојки со постарата сестра Венус, но таквото спонтано враќање, на краток рок, не е дозволено.
Серена се најде на регистрираната листа за тестирање на ITIA во октомври, по повеќегодишна пауза. На тој начин, е на добар пат да се врати до април 2026 година, за шест месеци.
Вилијамс освои 23 гренд слем титули во својата кариера и помина 319 недели на врвот на листата на ВТА.
Foto/ EPA

