Македонија
Царовска: Обезбедуваме еднаков пристап на децата Роми во градинките
Вклучувањето на Ромите во квалитетно предучилишно образование и во образовниот процес и создавање услови за вработување беше тема на дискусија на денешниот настан „Предизвици и можности за деца и млади Роми“ како дел од регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција“, на кој се обрати министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Настанот на кој имаше простор за дискусија помеѓу претставници од државните институции и граѓанските организации е организиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ и Ромскиот ресурсен центар.
Министерката Царовска истакна дека Министерство за труд и социјална политика направи освежување на системот затоа што сите реформи што ги реализирале се однесувале најмногу на сиромашните граѓани.
„Република Северна Македонија има само 30 отсто од деца опфатени во предучилишното образование, односно тоа значи и помал број вклучени деца Роми од 2,1 отсто. Затоа, одлучивме да го зголемиме капацитетот на прием на деца Роми во градинките доколку го почитуваме нашиот човечки капитал како држава. Сите деца Роми системски ќе се вклучат во градинките и тоа ќе биде финансирано од државата. Ова е одличен почеток за системско образование за што имаме целосна поддршка од сите клучни фактори во државата и сме следени од меѓународната заедница“, рече министерката Царовска.
Царовска уште еднаш ги повика пратениците да ја изгласаат социјалната реформа бидејќи со неа, како што рече, конечно, државата ќе трансферира пари до најсиромашните.
„Кога ќе ја земете предвид статистиката, меѓу најсиромашните граѓани има многу Роми. Тоа значи дека системот не дал еднаков пристап на сите граѓани, што ќе биде цел на реформите во социјалната заштита. Затоа, го повикувам Собранието побргу да ги изгласа реформите и веќе во 2020 година да ги гледаме првичните ефекти“, рече Царовска.
На настанот говореа и заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, Ана Матевска, проект-координатор на „Ромаверзитас“, и Реџеп Али Чупи, претставник на Ромскиот образовен фонд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

