Европа
Судот во Швајцарија ги поништи резултатите од референдумот за даноци од 2016 година
Швајцарскиот суд го поништи резултатот од референдумот во 2016 година, со кој на брачните двојки требаше да им се овозможат даночни олеснувања.
Со гласањето во 2016 година се очекуваше даночните олеснувања да бидат изгласани, но на крајот тоа беше неуспешно – 49,2 отсто гласаа „за“, а 50,8 отсто гласаа „против“.
Меѓутоа, швајцарските судии во средата пресудија дека гласачите не биле во целост информирани кога гласале и затоа треба да им биде дозволено повторно да го сторат тоа.
Првично се тврдеше дека 80.000 брачни двојки, каде што и двата партнера се вработени, биле даночно оштетени, но ревидираните бројки објавени во 2018 година покажуваат дека бројот е приближно половина милион – речиси шест пати повисок од првата процена.
Во соопштението на судот се вели дека со оглед на малата разлика во гласовите и неправилностите за време на гласањето резултатите би можеле да бидат поинакви.
Швајцарската влада во средата соопшти дека ги зела предвид наодите и одлуката на судот и додаде дека работи на процедури за корекција на можните грешки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.