Македонија
Муфтиите со писмо: Мухамед Зеќири ја предводи хајката против ИВЗ
Муфтиите на муфтиствата на Исламска верска заедница реагираат на изјавата на Мухамед Зеќири, пратеник и заменик-претседател на СДСМ за, како што наведуваат, „клеветите и шарените невистини и небулози искажани во однос на имамите и членовите на највисоките тела и органите на ИВЗ”.
„Вистината секогаш е спротивна со изнесената тешка невистина, и затоа без да сакаме да влеземе во некоја непродуктивна дебата, апелираме кај секој назначен функционер на јавна функција свесно да си ги изработи своите должности и ветувања кон граѓаните и институциите. Поради овој факт, сакаме да го потсетиме пратеникот Зеќири дека пред да се занимава со внатрешното уредување на ИВЗ, дека ИВЗ е уставна категорија во државата, докажана со своето работење и делување. Тој како дел од владините структури и раководител на државни институции треба да почне да ги решава проблемите за кои со години не добиваме одговор, а сега како функционер е должен да ги решава истите.
Наместо тоа, вие ја предводите хајката против ИВЗ и реисот во којашто сте ги вклучиле и обвинителството, Хелсиншкиот комитет и медиумите. Исто така, постојат сериозни сомненија дека вие соработувате со пучистите што ја нападнаа ИВЗ и се сретнувате со нив во владини простори. Поради тоа што си медресант, ние муфтиите сме потресени од твојот однос и ќе размислиме да ја поништиме дипломата добиена во Медресе. А за да имаш појасна слика за проблемите со кои се соочуват твоите поранешни колеги медресанти, те потсетуваме дека Медресето Иса Бег и понатаму не е акредитирана од Министерство за образование како средно училиште, а твоите колеги медресанти по завршување се соочуваат со затворени врати од нашите универзитети, а тоа е голема штета не само за медресето туку и за целото муслиманско општество во РСМ.
Со години стои нерешен проблемот со голем број џамии во земјата, како Јени џамија во Битола, Хусамедин џамија во Штип, Орта џамија во Струмица, Чарши џамија во Прилеп, Али-пашина џамија во Охрид, кој и покрај соодветни документи со кој може да се потврдува сопственоста, не ѝ се враќаат на ИВЗ.Продолжува децениска битка за изградба на џамија во село Лажец, Битолско, каде што муслиманите и ако со ист број со православните верници во тоа село, немаат џамија, а во селото има две цркви”, се наведува во соопштението.
Според муфтиите, и покрај тоа што ова година ,,славеле” 20 години процес за денационализација, барањата на ИВЗ и натаму не се процесираат во законски рокови и со тоа се прави голема штета.
„Крстовите на Саат-кулите во Прилеп и Битола продолжуваат да зборуваат за една дискриминаторска политика на овие институци кон нас. Време е да размислите како да се остранат истите. Разни државни институции продолжуваат да создават секојдневни вештачки проблеми, што за нас претставува провокација.На сите верски уставни заедници државата им обезбеди место за резиденција, ИВЗ уште ја чека истата.
Тоа се само дел од секојдневните проблеми со кои ние се соочуваме секој ден, секоја година, секоја деценија, и место непродуктивни критики преку јавните медиуми, ваше е да почнете да преземате активности за подобрување на меѓуетничката и меѓуверската кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности во РСМ.Овие проблеми се дел и од ветувањата на оваа реформска Влада во која и вие имате значителна улога.
За крај, ваше е, место критики, да почнете со работа и да ги решавате и овие проблеми кои ги тангираат сите муслимани во земјата. Сè друго е дневно-политичко профитерство од кое ние се оградуваме. А ние како муфтии на муфтиствата на ИВЗ, го поддржуваме до крај Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи бидејќи тој е докажана личност во земјата и надвор од неа, носител на голем број признанија и пофалби за неговата конструктивна работа во правец на унапредувањето на состојбата на муслиманите и на верскиот живот. Ние, исто така цврсто ја подржуваме ИВЗ како единствена институција што се грижи за организирање на исламскиот живот во РСМ со посебна пожртвуваност и убедување”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски – Брунер: Европската интеграција, борбата против организираниот криминал и зајакнатото гранично управување во фокусот на средбата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност.
На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка од Европската унија, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи останува кредибилен партнер кој активно придонесува за безбедноста на Унијата преку спроведување на проектите, реформите, усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и имплементација на мерките од Реформската агенда.
На средбата беше констатирано дека партнерството со институциите на Европската унија има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност, при што беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период.
Македонија
Општина Илинден: Засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита
Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави, информираат од општината.
Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, во должина од 850 метри. Дополнително, извршено е чистење на сисавецот на главниот канал „Млака“, на потегот од пречистителната станица во населеното место Илинден до вливот во главниот канал, во должина од 800 метри.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид на каналот „Шамак“, во н.м Кадино каде во моментов се спроведува чистење во вкупна должина од 1.200 метри. Како што истакна градоначалникот Георгиевски, по обилните врнежи овој канал беше утврден како критична точка, а неговото расчистување е од особено значење за безбедноста на жителите од овој дел на општината.
Имајќи предвид дека каналската мрежа на Општина Илинден е под нивото на реката Вардар, одводнувањето се реализира со пумпни уреди преку кои се испумпуваат до 2.800 литри вода во секунда, што дополнително ја потенцира потребата од редовно и навремено одржување на системот. Благодарение на континуираното чистење и одржување на каналите и речните корита, изминатиот период со обилни врнежи беше надминат без потешкотии и несакани последици.
Согласно Годишната програма на Општината, Годишната програма на Водостопанство и Акциониот план за чистење на каналската мрежа, во текот на 2026 година предвидено е чистење на вкупно 24.250 метри канали и речни корита на територијата на сите населени места во Општина Илинден.
„Општина Илинден и годинава ја презема обврската за покривање на водниот надомест за редовно одржување, чистење и нивелирање на отворените канали, со што јасно ја демонстрира својата континуирана заложба за подобрување на инфраструктурата и обезбедување побезбедна, почиста и поквалитетна животна средина за сите граѓан“, се истакнува во соопштението.
Македонија
МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите
Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов остварија средба со одгледувачите на овци.
На средбата се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско.
Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите на овци да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, донесено од страна на Агенцијата и движењето на животните да биде со издаден ветеринарно – здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво. Доколку сточарите забележат некои симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од 3 километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувалиштата каде што е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста.
Дополнително, на средбата беше истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувалиштата кон кланичните капацитети не е забрането, додека во сила остануваат рестрикциите за движење на живи животни и за работа на добиточните пазари. Во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.

