Контакт

Вести

Русија воспостави одбранбен систем на Арктик

Објавено пред

Русија ја шири својата присутност на Арктик, инсталирајќи таму ракетен систем воздух – земја, објави генерал мајорот Кирил Макаров во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

Борбените ловци од типот „Миг-31“, исто така, ќе бидат распоредени во оваа област богата со руди, заедно со новиот радар на островот Нова Земја во Арктичкото Море, изјави генералот Кирил Макаров.

Руската армија последните години е се’ поприсутна на крајниот север, во време кога Москва полага право на големи области од арктичкото подморје за да ги осигури и својата бебзедност и правото на искористување на тамошните ресурси на нафта и гас. Арктикот поради топењето на мразот станува и се’ позначаен деловен пат, што доведе до територијални спорови меѓу неколку земји, Северниот пол го присвојуваат Канада, Русија, САД. Норвешка и Данска.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2013 година нареди повторно отворање на базата којашто се наоѓа на Новосибирските острови на Арктик, напуштена во 1993 година. Како причина ги наведе потребите од контрола на северните поморски патишта, имајќи го предвид и интересот на западните земји, вклучително и на НАТО за оваа област. Температурите во оваа област се спуштаат и до 50 Целзиусови степени под нулата.

Путин и во април 2014 година порача дека Русија би требало да ја зајакне присутноста на Арктикот и да им парира на другите држави во експлоатирањето на најголемите нечепнати резерви на природните ресурси на светот, само неколку дена откако Русија го извезе првото количество нафта од ова област под брендот Arctic Oil (ARCO). Русија кон средината на април 2014 година го натовари својот прв танкер на „Газпром” со сирова нафта од брендот Arctic Oil (ARCO) од платформата во Баренцовото Море.

За својот иден економски раст Русија значително се потпира на развојот на големите наоѓалишта на енергенси на Арктикот, обидувајќи се да го заживее сообраќајниот правец низ мразот кој датира уште од советскиот период. Истовремено, САД, Норвешка и Данска, се борат за својот „чесен удел” во арктичките резерви од нафта и природен гас.

Откако Путин во 2013-та нареди повторно отворање на поранешната советска воена база на архипелагот Новосибирск, дваесет години откако беше затворена, таму беа испратени десет воени бродови и четири мразокршачи на нуклеарен погон. Рускиот претседател во декември 2013 издаде указ армијата дополнително да се фокусира на Арктикот и до крајот на годината да донесе план за изградба на новите воени бази во овој дел од светот богат со енергенси околу коj се натпреваруваат светските сили и откако кон крајот на ланскиот ноември Пентагон објави дека ја подготвува својата прва стратегија за Арктикот, бидејќи забрзаното топење на мразот во ова подрачје дава поттикнување за глобалната трговија и искористување на енергијата, но тој процес може да го следат судири.

„Тука сѐ почесто се судираат интересите на арктичките сили, и не само нивните. Земјите кои се далеку од оваа област, исто така, покажуваат интерес за Арктикот. Во тие околности, мораме да преземаме дополнителни мерки за да не заостануваме зад нашите партнери, за да го задржиме нашето влијание во регионот и во некои аспекти да бидеме пред нашите партнери”, истакна рускиот претседател тогаш во 2013 година.

Причината за таквата реакција на Путин беа позачестените изјави на Канада, зад која стојат САД, дека ѝ припаѓа Акртикот. САД, Данска и Норвешка, исто така, бараат одредена контрола на Северниот пол и се залагаат, како што велат, за чесна поделба на големите непипнати резерви на нафта и на природен гас.

Путин и минатата 2014 година неколкупати нагласуваше дека Арктикот е клучен за иднината на руската економија и безбедност, а беа обновени и некои руски бази во оваа област. Планирани за реконструкција се и аеродроми на крајниот север, како Тикси, Наријан-Мар, Аликел, Андерма, Анадир, Рогачево и Нагирскаја. Рската армија, исто така, планира и да се обноват аеродромите на Новосибирските острови и Земјата на Франц Јозеф. Во 2014 година е предвидено е и да се формираат воени единици за осигурување на воената безбедност и заштита на националните интереси на Руската Федерација на Арктикот.

Кон крајот на ноември 2013 година, американскиот министер за одбрана Чак Хејгел во текот на конференција во канадски Халифакс посветена на безбедноста изјави дека американската армија ќе ги развие своја инфраструктура и можности, и ќе продолжи со одбрана на американскиот суверенитет околу Аласка. Американскиот министер за одбрана нагласи тогаш дека дел од новата стратегија е и соработката со другите земји во подрачјето на Арктик, вклучително и со Русија.

Мразот на Арктикот во 2012 година се намалил на најмалата површина откако започна сателитското снимање во почетокот на 1970-те, а многу експерти сметаат дека до средината на овој век мразот целосно ќе се топи преку летата.

Како што мразот сé повеќе се повлекува, така бродовите сѐ повеќе го користат покусиот пар меѓу Атлантикот и Пацификот, а сѐ поголемата конкуренција меѓу потенцијалните истражувачи на нафтени и полиња на природен гас во подморјето./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет2 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија5 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија8 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија12 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија13 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија14 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија14 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет15 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет15 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет15 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет16 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија1 ден

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија1 ден

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија2 дена

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија3 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...