Спорт
Лесни победи за Милвоки и Хјустон, Портланд не дозволија брејк (Видео)
Милвоки Бакс, Хјустон Рокетс и Портланд Трејлблејзерс забележаа победи во своите првите плејоф натпревари во НБА лигата.
Милвоки, тимот што го има најдобриот резултата во лигата, во регуларниот дел од сезоната, ги декласираше Детроит Пистонс 121:86. По првиот период Бакс имаа предност од 20 поени (38:18), а на полувреме заминаа со 27 поени повеќе од противниците.
Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 24 поени и 17 скока. Тој на теренот мина само 24 минути.
Убедлива победа во привот меч забележаа и Хјустон Рокетс над Јута Џеџ 122:90. Хјустон имаа предност од 15 поени на полувреме, Јута се обидоа да се вратат во мечот во третиот период, се доближија на негатива од пет поени, но немаа сили за нешто повеќе.
Џејмс Харден реазлизираше 29 поени, 8 скока и 10 асистенции за Хјустон, а кај Јута се истакна францускиот центар Руди Гобер со 22 поени и 12 скока.
Предноста на домашниот терен по првиот меч ја задржаа и Портланд Трејлблезерс со победата над Оклахома Тандер 104:99. Тимот од Орегон водеше во текот на целиот меч, а највисоките 15 поени ги имаше во третиот период.
Демијан Лилард со 30 поени, односно Си-Џеј Мекалум со 24 поени го предводеа Портланд. Против својот поранешен тим блесна и Турчнинот Енес Кантер со 20 поени и 18 скока.
Кај Оклахома најефикасен беше Пол Џорџ со 296 поени и 10 скока, Расел Вестбрук забележа трипл-дабл (24 поени, 10 скока, 10 асистенции).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.
Спорт
(Видео) Барди погоди од слободен удар
Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот клуб доживеа пораз од Самсин 3:1.
Капитенот на македонската репрезентација, во 32.минута погоди од слободен удар, ја намали предноста на 2:1, но само четири минути подцна Фернандес со авто-гол го постави конечниот резултат.
На три кола до крајот на сезоната, Трабзон се наоѓа на третото место со 58 бода, четири повеќе од Бешикташ. Доколку остане на третото место, Трабзон наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks
— 61post (@61post) May 4, 2024
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.