Црна хроника
Кривични пријави за четири лица кои продавале петарди во Куманово
Четворица кумановци заработија кривична поради основано сомневање за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, односно продажба на пиротехнички материјали и петарди на плоштадот во Куманово, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
На 26.12.2013 година на импровизирана тезга на градскиот плоштад во Куманово С.С.( 21 ) од Куманово е затекнат додека врши продажба на пиротехнички материјал при што од му се одземени 132 парчиња петарди, што ги набавила од непознато лице од Скопје.
СВР Куманово поднесе кривична пријава и против Ш.С.(33) од Куманово за истото кривично дело откако на 26.12.2013 пријавениот бил затекнат додека врши продажба на пиротехнички материјал при што од него се одземени 733 парчиња петарди, што ги набавил исто така од непознато лице од Скопје.
Кривична пријава заработи и С.М.(41) од Куманово за продажба на пиротехнички материјал при што на 31.12.2013 од него се одземени 101 парчиња петарди.
За продажба на петарди со Кривична ќе се соочи и И.М.(21) од Куманово кој на 31.12.2013 година, на импровизирана тезга на градскиот плоштад во Куманово е затекнат додека врши продажба на пиротехнички материјал при што од него се одземени 4.504 парчиња петарди, што ги набавил во Скопје./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

