Контакт

Свет

Центристите во ЕУ ќе ги загубат европратеничките места за сметка на евроскептиците, Русија повторно обвинета за мешање

Објавено пред

Антиестаблишментските партии во ЕУ се подготвуваат да блеснат за време на изборите за Европскиот парламент следниот месец, но некои го гледаат нивниот подем како доказ за успешното мешање од страна на Русија, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Борбата за понудените 750 пратенички места во Европскиот парламент ќе почне во мај, а разни антиестаблишментски сили од двете страни од политичкиот спектар влегуваат во сојузи за да ги освојат мандатите кои во моментот се во рацете на центристите.

Конфузијата дополнително ја зголемува Велика Британија, која ќе учествува на изборите и покрај наводно напорно работење за напуштање на ЕУ.

Но, за некои европски и меѓународни официјални претставници се чини дека проблемот е наводно тоа што Русија тајно да ги поддржува евроскептиците – а не судирите меѓу политичките елити и луѓетото што треба да ги претставуваат.

Обвинувањето на кремљските „тролови“ за неизбежниот изборен неуспех без нудење на докази, се разбира, е толку привлечно во Европа во 2019 година како што беше во 2016 година во САД, посочува РТ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан

Објавено пред

Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми, трагедијата се случила пред очите на родителите на детето.

dobivaj vesti na viber

Се верува дека малото дете, кое било на одмор во Грција со својот татко (31) и мајка (32), се задавило со храна. Инцидентот се случил околу 18 часот, додека детето седело на маса со своето семејство и почнало да се дави.

Сцените што следеле биле ужасни. Родителите, во паника, се обиделе да го спасат детето, а веднаш била повикана итна помош.

Бебето прво било однесено во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а потоа во болницата во Полигирос, каде било прогласено за мртво.

Прикажи повеќе...

Свет

Ново примирје во Свеида, бројот на жртви надмина 300

Објавено пред

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека е постигнат нов договор за примирје во јужниот град Свеида. Повикувајќи се на извор од Министерството за внатрешни работи, САНА соопшти дека во градот се поставени безбедносни контролни пунктови и дека Свеида „ќе биде целосно реинтегрирана во сириската држава“.

dobivaj vesti na viber

Ова беше четврто такво примирје во Свеида од неделата, но секој договор брзо беше прекршен од нови судири. Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, повеќе од 300 луѓе се убиени во јужна Сирија во последните денови.

Откако започнаа борбите во неделата, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 69 припадници на милицијата Друзи и 40 цивили се убиени. Во извештајот се вели и дека 27 членови на заедницата Друзи се егзекутирани од страна на владините сили.

Сириската опсерваторија за човекови права, исто така, објави дека 165 припадници на сириската армија, 18 бедуински борци и 10 членови на безбедносните сили се убиени во израелските воздушни напади.

Прикажи повеќе...

Свет

Пристигна реакцијата на САД: „Престанете“

Објавено пред

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон е „многу загрижен“ за израелските напади врз Сирија, објави турската новинска агенција Анадолија.

dobivaj vesti na viber

„Сакаме борбите да престанат“, рече Рубио.

Сириското Министерство за здравство соопшти дека три лица загинале, а 34 се повредени во израелските воздушни напади врз Дамаск.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101...

Македонија3 часа

Докторка затекната при примање поткуп во битолска болница: најостра осуда од Министерството за здравство

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ...

Македонија4 часа

Незгода на патниот правец Битола – Прилеп: сообраќајот во прекин за тешки моторни возила, патничките се пропуштаат наизменично

Од 15:45 часот поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај...

Македонија4 часа

Во земјава има 200.000 дивоградби, предничи Гостивар, вели Меџити и повикува институциите да делуваат, но не селективно

Сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој 12 години беше градоначалник на Општина Чаир, повика институциите да...

Македонија5 часа

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи...

Македонија5 часа

Активни три пожари во државата, оној кај Николиќ ставен под контрола

Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи. Во моментот сѐ уште е...

Македонија6 часа

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија7 часа

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија7 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија8 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија8 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ8 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ9 часа

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија9 часа

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...

Свет10 часа

Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави...

Македонија10 часа

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а...

Свет12 часа

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за...

Македонија1 ден

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче...

Топ1 ден

Кривична против лекар во струшката болница: со истечена лиценца 4 години примал плата и додатоци

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на...