Спорт
Салах на насловната на магазинот „Тајм“

Мохамед Салах е единствениот фудбалер во листата на топ-100 највлијателни луѓе во 2019 година според угледниот магазин „Тајм“, иако на листата има голем број спортски ѕвезди, како Леброн Џејмс и Тајгер Вудс.
Британскиот комичар, кој е познат како огромен навивач на Ливерпул, Џон Оливер, го претстави Египќанецот во блескаво светло.
„Мо Салах е подобар човек отколку фудбалер. А тој е еден од најдобрите фудбалери на светот. Тешко ќе најдете професионален спортист кој има помалку влијание од успехот и славата од Мо, што е неверојатно. Мо е препознатлива личност и легенда за Египќаните, момците од Ливерпул и муслиманите во целиот свет и секогаш се претставува како скромен, умен и смешен човек, кој не го сфаќа фудбалот пресериозно“, вели Оливер.
Насловната страница со Салах е дел од специјалната едиција со шест насловни и ќе биде достапна во продажба на 29 април.
.@iamjohnoliver: “@MoSalah is a better human being than he is a football player. And he’s one of the best football players in the world” #TIME100 https://t.co/qHTDgMBRsv pic.twitter.com/BEl6JM4Cxh
— TIME (@TIME) April 17, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Крај на една ера – Џејми Варди ќе го напушти Лестер

Херојот на Лестер, Џејми Варди по 13 години реши да го напушти клубот. Клупската легенда на социјалните мрежи објави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Кинг Пауер“.
„Навивачи на Лестер, мразам што дојде овој ден, но мораше да дојде. По 13 неверојатни години во клубот со многу успеси, некои падови, но главно најголеми успеси, време е да се откажам. Уништен сум, но мислам дека е вистинското време. Само сакам да ви кажам големо благодарам што ме прифативте како едно од вас. Лестер секогаш ќе биде во моето срце, сигурно ќе го следам во наредните години и се надевам дека клубот ќе биде успешен. Во овој момент ова е мое збогум, но ќе ме видите наскоро, ви благодарам“, рече Варди.
Goodbye to the GOAT 🐐 pic.twitter.com/romej28Kbr
— Leicester City (@LCFC) April 24, 2025
Варди е веќе бесмртен во очите на навивачите на Лестер, кои засекогаш ќе го паметат како херој во шампионската сезона 2015/2016 година. Пет години подоцна, тој ги предводеше „Лисиците“ до трофејот во ФА Купот, зацврстувајќи го својот статус на најголем играч во историјата на клубот.
Варди доби отказ од Шефилд Венсдеј како 16-годишник, па својот фудбалски пат го започна од дното, од најниските лиги, преку Стокбриџ Парк и Халифакс.
Лестер го донесе Варди од аматерскиот Флитвуд за еден милион фунти во 2012 година, а четири години подоцна беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, а во сезоната 2019/2020 беше најдобар стрелец.
Иако го посакуваа најголемите европски клубови, тој и во најтешките моменти им остана верен на „лисиците“, па го водеше тимот минатата сезона кога експресно се врати во Премиер лигата. во втората лига, првенството во претходната сезона 2023/2024 до враќањето во елитата.
По поразот на домашен терен од Ливерпул со 1:0. По овој пораз Лестер и математички ги загуби шансите да остане во елитата.
За „лисиците“ постигна 198 гола на 496 натпревари, а доколку настапи во последните четири кола од тековната сезона ќе го напушти клубот со точно 500 настапи.
Иако во јануари наполни 39 години, Варди нема намера да ја заврши кариерата.
Спорт
Алкараз се повлече од Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави дека се повлекува од Мастерсот во Мадрид поради повреда на препоните на десната нога.
Алкараз беше втор носител на турнирот во Мадрид и требаше да игра со победникот од мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс и Канаѓанецот Габриел Диало во второто коло.
„Решивме да не ризикуваме. Направив се што можев, но работите не се подобрија многу. Морав да го послушам моето тело и да донесам тешка одлука. Мислам дека ја донесов вистинската одлука. Ќе се обидам да се одморам и да се вратам што е можно поскоро”, изјави Алкараз на прес-конференцијата во Мадрид.
Шпанскиот тенисер беше во иста половина од ждрепката со Новак Ѓоковиќ, односно беше „планирано“ да се сретнат во полуфиналето.
Шпанските медиуми потсетуваат дека Алкараз се повреди пред четири дена за време на финалето на турнирот во Барселона против Данецот Холгер Руне (6:7, 2:6).
Најдобриот шпански тенисер триумфираше на Мастерсот во Мадрид во 2022 и 2023 година.
Спорт
Меси го кани Модриќ во Интер Мајами

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси.
Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами.
Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, со цел да биде подготвен за претстојниот Мундијал, кој ќе биде последен во неговата кариера, со оглед на тоа што следната година ќе наполни 40 години.
Интер Мајами сака да го ангажира Хрватот во пресрет на Светското клупско првенство кое годинава се игра во Америка. Доколку трансферот се случи, Модриќ ќе им се приклучи на поранешните големи ривали од Барселона, Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба.