Свет
Зеленски се противи на доделување специјален статус на Донбас
Украинскиот претседателски кандидат Владимир Зеленски е против идејата за доделување специјален статус на Донбас, рече тој во интервју за новинската агенција РБЦ Украина објавено денес, пренесува ТАСС.
Одговарајќи на прашањето дали регионот Донбас треба да добие специјален статус, Зеленски рече: „Сметам дека не треба”.
Тој признава дека решението за конфликтот во регионот нема да биде брзо.
„Ова е нашата голема приказна и ќе ни одземе долго време за да ја решиме оваа криминална ситуација”, посочи тој.
Според Зеленски, една од алатките за средување на конфликтот е инфовојна.
„Она што може да ни помогне тука е инфовојната. Се надевам дека информациите ќе им помогнат на овие луѓе да разберат дека им треба Украина и Украина има потреба од нив и дека тие се исти Украинци како и другите”, рече тој.
Конкретно, Зеленски предложи создавање голем европски медиумски портал на руски јазик, кој ќе емитува низ Европа и ќе ја раскаже вистината за настаните во Украина што граѓаните на Донбас сакаат да ја слушнат.
Зеленски ги карактеризира граѓаните на териториите на Донбас кои не се под контрола на Киев како заложници. Во меѓувреме, тој ја отфрли идејата за потпишување закон за амнестија за оние кои учествуваа во борбените акции во Донбас.
Мировниот договор од Минск предвидуваше уставни реформ иза Украина според кои Донбас ќе добие специјален статус на трајна основа. Сепак, украинскиот парламент не ги усвои уставните амандмани.
Законот за специјален статус претходно усвоен од страна на Врховната Рада е во основа замрзнат до изборите во регионот. Покрај тоа, ниту уставните амандмани ни законот не гарантираат давање специјален статус на Донбас на трајна основа, а овој период е ограничен на само три години.
Во првиот круг од претседателската трка на Украина на 31 март, кандидатот од партијата „Слуга на народот“, Владимир Зеленски, доби 30,24 отсто од гласовите, додека актуелниот украински претседател Петро Порошенко, кој бара втор мандат, е на второ место со 15,95 отсто од гласовите. Вториот круг од изборите е закажан за 21 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

