Македонија
ЛДП ќе го прослави роденденот со еколошка акција
Либерално-демократската партија најави дека дваесет и вториот роденден ќе го прослави со еколошка акција во Скопје, Битола, Кичево и во Куманово.
„Наместо со свечени коктели, ЛДП како општествено одговорна партија ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани, заедно со раководството на партијата, на еколошки акции во повеќе градови во државата. Ве очекуваме утре, 19 април, петок, заедно да засадиме дрвја и да ги исчистиме јавните површини на следните места: во Скопје во 12 часот, на просторот зад ‘Три бисери’ во Аеродром покрај реката Вардар. Ќе се засадат 22 садници како симболика за 22 години од формирањето на ЛДП. Во Битола во 15.30 часот ќе се садат садници на просторот зад Офицерскиот дом, во Кичево во 9.30 часот на просторот кај Соколаната. Еколошка акција ќе се одржи и во Куманово в сабота, 20 април, во 12 часот во близина на маркетот „Туш“. Дојдете заедно да прославиме и да помогнеме за животната средина во која живееме“, велат од ЛДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

