Спорт
Надал без проблеми го среди Димитров на омилениот Мастерс во Монте Карло

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал во чекор го следи својот голем ривал Новак Ѓоковиќ на тенискиот Мастерс во Монте Карло. Предмалку Рафа со 6-4 и 6-1 за 94 минути игра славеше против Бугаринот Григор Димитров во осминафиналниот дуел. Димитров е 28 светски тенисер во моментов.
Интересно е што со идентичен резултат славел Шпанецот и минатата година, само тогаш во полуфиналниот меч на турнирот во Монте Карло, на земјена подлога, на која Рафа досега освоил рекордни 11 титули.
Бугаринот отпор пружи само во првиот сет кога по негативата од 1-4 успеа да се врати и да израмни на 4-4, но тоа беше се што стори на овој дуел.
Ова беше нивни 13 дуел, а Надал слави по 12-ти пат со што ја забележа 17-тата победа во Монте Карло во низа.
Во четвртфиналето Шпанецот ќе се судри со Аргентинецот Гвидо Пела, кој пак беше поуспешен од Италијанецот Чекинато со 2-1 во сетови.
Nadal/@RafaelNadal (?@TennisTV ) #RolexMCMasters pic.twitter.com/2lWhL8lYK6
— doublefault28 (@doublefault28) April 18, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нов Хрват во Реал Мадрид? Чаби Алонсо навистина „загриза“

Реал Мадрид без хрватскиот играч стана речиси незамислив. Лука Модриќ си заминува, а Анте Будимир би можел да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.
Според шпанските медиуми, Чаби Алонсо е сериозно заинтересиран да го доведе напаѓачот на Осасуна.
Секако, „кралскиот клуб“ сака да оди што е можно поевтино, па се разгледува опцијата за активирање на откупната клаузула од 20 милиони евра, но Реал би сакал и таа да се намали.
Планот е во договорот да се вклучи млад фудбалер од академијата на Мадрид, како што се Јакоб Рамон или Лорен Агуада.
Будимир би бил воодушевен да игра за Реал Мадрид, клуб кој го смета за најдобар во светот, а Чаби Алонсо исто така „загриза“ да го доведе.
За многумина е чудно што Реал сака 34-годишен играч, но Хрватот наводно би прифатил да биде резерва и да игра од клупата, како што направи Хоселу минатата сезона кога ја освоија Лигата на шампионите.
Оваа сезона, Будимир постигна 21 гол во Ла Лига и додаде три асистенции. Во Купот на Кралот има уште три гола.
Спорт
Никој не е заинтересиран за Светското клупско првенство, дури ни Меси не сакаат го гледаат

Низок интерес за натпреварите од Светското клупско првенство во САД.
Според светските медиуми, ФИФА е сериозно загрижена за нискиот интерес на навивачите за Светското клупско првенство. Затоа одлучи повторно да ги намали цените на билетите.
Пред два дена беше објавено дека за првиот натпревар од отворањето на натпреварувањето се продадени помалку од 25.000 билети.
Првиот натпревар ќе се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со капацитет од 64.767 седишта. Ривали се домашниот тим Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли од Каиро.
За потсетување, Интер е дом на големи светски ѕвезди како што се Аргентинецот Лео Меси, Уругваецот Луис Суарез, Шпанците Серхио Бускетс и Жорди Алба…
🚨 FIFA are seriously concerned about poor fan interest in the Club World Cup and have slashed ticket prices again. 🎟️
Fewer than 25,000 tickets have been sold for the opening match. 😳
(Source: @TheAthleticFC) pic.twitter.com/8HlxKycCN9
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 10, 2025
Светското клупско првенство на ФИФА ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули. Ќе учествуваат 32 екипи од шест континенти (конфедерации). Натпреварите ќе се играат во 11 градови на 12 стадиони.
Натпреварите од Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе се одржат во државите Њу Џерси, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо (два стадиони), Филаделфија, Сиетл, Вашингтон и Атланта.
Спорт
Нико Вилијамс му рекол „Да“ на Баерн

Нико Вилијамс (22) им порачал на челниците на Баерн дека е отворен за трансфер во Германија. Менаџерот веќе ги започнал преговорите со германскиот шампион.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао го привлекува вниманието на бројни европски гиганти благодарение на одличните настапи во шпанската репрезентација и Ла Лига.
Баерн го гледа како потенцијално засилување на левото крило, а интерес за Вилијамс покажаа и клубови од Премиер лигата. Неговата откупна клаузула е „само“ 58 милиони евра.