Контакт

Избори 2019

Мицкоски: Заев и Стево одат напред со вреќи полни со украдени пари

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со жителите на Ранковце, каде што истакна дека сè поголем број граѓани се приклучуваат со помислата дека токму 21 април и 5 мај се деновите кога граѓаните ќе ги казнат политичарите како Заев и Пендаровски, кои го манипулирале, навредувале и понижувале народот во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев си поигруваат со маката и трудот на земјоделците бидејќи само неколку дена пред изборите им ги исплатиле субвенциите на земјоделците потсетувајќи дека тоа е обврска на државата, а не добра волја на СДСМ и Заев.

„Земјоделството е опустошено, земјоделците со месеци си ги чекаат парите за субвенции, кои сега свесно на неколку дена пред изборите им ги пуштија, но овде велат – кога не можеме да се избориме за она што ни следува, што остана за друго. Тие не живеат подобро, а никој од власта веќе не ги споменува и другите ветувања, кои пред да дојдат на власт им ги даваа на овие луѓе затоа што не се чесни“, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Република Македонија не може да оди напред со политичари како Заев и Пендаровски додавајќи дека додека тие одат напред со украдени пари од граѓаните, граѓаните секојдневно ги чувствуваат сиромаштијата и бедата.

„Да може Македонија вистински да оди напред , а не како што денеска ја гледаме Македонија како назадува. Не е точно она што денеска Зоран Заев и Пендаровски Стево го пишуваат на нивните украдени плакати, билборди и реклами дека оделе напред. Да, одат напред, ама со вреќи полни украдени пари, ние одбиваме да одиме така напред. Ние сакаме да одиме напред достоинствено, честито, со исправена глава, заедно со богати граѓани и богата држава“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, Мицкоски порача масовна поддршка на 21 април и на 5 мај за кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, потенцирајќи дека само со нејзината победа е возможно враќање на правдата во Македонија.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија31 минута

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен Глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион4 часа

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа4 часа

Обвинител: Грабежот во „Лувр“ е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет5 часа

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....

Македонија11 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија12 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија12 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија12 часа

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија13 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија14 часа

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија14 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија14 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized14 часа

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...

Македонија15 часа

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија....

Македонија16 часа

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски. „Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари...

Топ19 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...