Контакт

Избори 2019

Прес-центарот на ЦИВИЛ ќе биде отворен 18 часа непрекинато

Објавено пред

ЦИВИЛ отвори изборен прес центар во во клуб „Менада“(Стара чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ) кој ќе работи до полноќ.Прес-центарот на ЦИВИЛ ќе прима извештаи од теренот, како и пријави за нерегуларности од граѓанките и граѓаните.Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот ден и вечерта. Прес-конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен ќе се организираат во 10, 12:30, 17:45 и 19:30 часот. ЦИВИЛ ќе одржи и две панел-дискусии во 20 часот и во 21:30 часот, со учество на членови на координативниот тим на ЦИВИЛ, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, правната експертка Сандра Гавриловска и други реномирани имиња.

dobivaj vesti na viber

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да доставуваат пријави, информации или да поставуваат прашања на онлајн формуларот www.slobodniizbori.info, Фејсбук или по електронска пошта ([email protected]) во секое време од денот и ноќта. Координативниот тим на ЦИВИЛ ќе се обиде да одговори на сите прашања или ќе ги објавува информациите кои ќе пристигнат на адреса на организацијата и сега и за време на денот на гласањето.
Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека објавува информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните на веб-страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик. Дополнително, ЦИВИЛ објавува содржини и на веб-страницата www.civil.today на англиски јазик, како и на организациската веб-страница www.civil.org.mk.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија17 минути

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет1 час

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет2 часа

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија3 часа

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија3 часа

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија4 часа

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет4 часа

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...

Свет4 часа

Клучното прашање е каде Иран скрил 400 килограми збогатен ураниум, вели експерт

По израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, поранешниот заменик-генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Оли Хејнонен,...

Свет5 часа

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби...

Свет5 часа

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа набргу“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет5 часа

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански...

Свет5 часа

Иранските медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...

Свет6 часа

Израел: Го нападнавме седиштето на елитната единица на Иранската гарда во Техеран

Израелската војска објави дека нејзините борбени авиони извршиле напад врз седиштето на Кудс силите во Техеран, тврдејќи дека таму се...

Свет6 часа

Иран: Не сакаме да преговараме за прекин на огнот додека сме под израелски напади

Иран им соопшти на посредниците Катар и Оман дека не е отворен за преговори за прекин на огнот додека е...

Свет7 часа

(Видео) Четворица мртви, десетици повредени во ракетните напади врз Израел во текот на ноќта

Четири лица – две жени и двајца мажи – беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите...

Свет7 часа

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин да биде посредник во мирот меѓу Иран и Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран како што...

Свет7 часа

(Видео) Иранците масовно бегаат од Техеран: „Ова не е моја војна“

По израелските напади врз Техеран вчера, многу жители се обидуваат да избегаат од градот и да побараат засолниште во пооддалечени...

Свет17 часа

Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да...

Свет19 часа

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и...

Македонија21 час

Алиу: Aко влезете во чекална на Онкологија тоа личи на се, само не на Клиника која треба да која треба да лекува такви пациенти

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава,...