Свет
Иранската служба за безбедност открила шпионски мрежи на ЦИА и МИ6
Шефот на иранското Министерство за разузнавање, Махмуд Алави, објави дека неговото министерство успеало да ѝ нанесе силен удар на шпионската мрежа на ЦИА која оперира во Иран и во регионот, објави новинската агенција „Мехр“.
Тој вели дека десетици шпиони, кои работат во чувствителни сектори на државата, биле уапсени како резултат на акцијата на министерството.
„Во еден комплициран процес против Централната разузнавачка агенција на САД, идентификувани се 290 шпиони од мрежата за шпионажа во различни земји, вклучувајќи го и Иран”, рече тој.
Алави понатаму истакна дека слична мерка била донесена и во врска со британскта МИ6, ветувајќи дека подоцна ќе објави повеќе детали за операциите против двете странски разузнавачки агенции . Тој исто така рече дека информациите за шпионските мрежи ќе бидат испратени до пријателски држави кои се заинтересирани за нив.
Ниту Вашингтон ниту Лондон не го коментираа извештајот.
Од доаѓањето на администрацијата на Трамп, Вашингтон презеде строг пристап кон Иран во својата надворешна политика. САД, пред се, се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор на 8 мај 2018 година и воведоа силни санкции против нафтениот, банкарскиот и превозниот сектор на Техеран во ноември истата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

