Македонија
За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице
Во периодот од 13 април до денеска пријавени се вкупно 121 случај на мали сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје.
Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 79 случаи се од Скопје, а останатите 42 се од 8 други градови во Македонија – Тетово (14), Куманово (10), Велес (8), Гостивар (4), Охрид (3), Струмица (1), Свети Николе (1) и Ресен (1).
Во тек на оваа недела најголем број на случаи, 52, се на возраст над 30 години, а по нив следат децата на возрст од 0-4 години со 44 регистрирани случаи.
„Според вакциналниот статус, 90 односно 70 проценти од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус“, велат од Инститот за јавно здравје.
Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со денешниот ден, во Република Северна Македонија регистрирани се 1.081 случај на мали сипаници со стапка на заболување од 52,2 на 100.000 жители, што претставува највисок број на регистриран случаи во последните 10 години.
Поради исполнување на епидемиолошките критериуми, епидемија од мали сипаници е прогласена на цела територија на Република Северна Македонија.
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 21 град од Македонија, од нив 692 случаи се од Скопје, Куманово – 103, Тетово – 93, Струга – 50, Кичево – 30, Велес -24, Гостивар – 20, Гевгелија -18, Дебар – 17, а во останатите градови се регистрирани помалку од 10 случаи (графикон 1).
Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години –463, а вкупната стапка на заболување кај оваа возрасна група изнесува 36,4 на 100 000 жители. Пријавени се 184 деца на возраст под една година каде што се регистрира и стапка на заболување од 787,2 на 100 000 жители. Децата на возраст 1-4 години се регистрираат со 189 случаи и втора највисока инциденца од 203,6 на 100 000 жители (графикон 2).
Според вакциналниот статус, 810 или 75% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 184 (17,0%) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.
Од вкупно 189 заболени деца на возраст од 1-4 години, 89,4% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 613 заболени кај лицата над 20-годишна возраст, 66,4% (n=407) се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од пријавените случаи, 442 или 41% биле хоспитализирани, а кај 188 (17,4%) се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации – 52 или 27,7% биле кај деца на возраст под една година а 39 (20,7%) кај деца на возраст од 1-4 години, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на компликации.
Во Скопје од почетокот на епидемијата, вкупно се вакцинирани 12.468 деца до 14-годишна возраст.
Во останатиот дел од државата, вкупно се вакцинирани 7.776 деца до 14-годишна возраст со прва или втора доза.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 20.244.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на панел во Давос со американскиот секретар за енергетика: „Македонија мора да стане активен играч во енергетиката“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на панел за енергетика во рамки на Светскиот економски форум во Давос, заедно со секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт. Тој изјави дека зад себе има успешен и инспиративен ден со средби со мултинационални компании од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.
„Претставивме можности за инвестиции во македонската економија – нешто што значи додадена вредност за граѓаните“, рече Мицкоски во видео-обраќање.
Во фокусот на денот, како што рече, бил панелот на кој учествувале водечки светски енергетски компании. „Разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката, особено во производството на електрична енергија“, кажа Мицкоски, кој притоа истакна три клучни поенти од панелот:
Побарувачката на електрична енергија ќе расте два и пол пати побргу од вкупната побарувачка на енергија во светот во наредните години. „Македонија не смее да биде нем набљудувач, туку активен чинител“, порача тој, повикувајќи на рестарт на проекти како Чебрен, Галиште и Бошков Мост.
Во следните десет години, светот ќе треба да изгради капацитети што ќе произведуваат 40.000 терават-часови електрична енергија – што е 5.500 пати повеќе од целата потрошувачка на Македонија, и приближно колку што трошат САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно. Причина за ова е експанзијата на вештачката интелигенција и дата центрите што работат исклучиво на електрична енергија.
Македонија треба да ја диверзифицира економијата и од фокус на автомобилската индустрија да стане значаен играч во енергетиката, користејќи ги постојните ресурси и потенцијали за обновлива енергија.
„Убеден сум дека можеме да успееме како држава во оваа насока“, изјави премиерот.
Македонија
МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час
Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.
„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.
Фото: МВР
Македонија
Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри, најавува УХМР
Облачно време со повремени локални врнежи од снег се очекува утре низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што висината на снежната покривка на планините и на некои повисоки места ќе може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу -8 и -2 степени, додека максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, јавува УХМР.
За Скопје се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Во Скопје, исто така, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи околу -6, а максималната ќе биде до 2 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе продолжи претежно стабилно време, со појава на магла во поодделни котлини. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, односно снег на планините и повисоките места.

