Македонија
Честитка од Џафери за католички Велигден
,,Ми претставува особена чест и задоволство да од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници од католичка вероисповед кои живеат во и надвор од границите на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден”, се вели во четитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери за католичкиот Велигден.
,,Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас.
Оваа празнична прилика ќе ја искористам и за да се заблагодарам на католичката заедница во Република Северна Македонија за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење. Дозволете ми уште еднаш да Ви посакам убави и весели празнични денови поминати во мир и благосостојба”, се додава во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

