Спорт
Фоњини го крена трофејот од Монте Карло!
Италијанецот Фабио Фоњини ја заврши неделата од соништата со 6:3/6:4 победа над Душан Лајовиќ за да ја освои својата прва Мастерс-титула 1000 кревајќи го трофејот во Монте Карло.
31-годишниот Фоњини, по три порази во Мастерс-финалиња 1000, кога во саботата го здроби 11-кратниот шампион Рафаел Надал, имаше достоен противник во Србинот Лајовиќ, но неговото искуство на крајот пресуди.
Во првиот сет Лајовиќ прв направи брејк за 2:1 водство, но неговата игра по ова се распадна и тој дозволи Фоњини да освои четири гема во низа и да го добие сетот со 6:3. Вториот сет почна лошо за Лајовиќ со нов загубен брејк, но тој врати веќе во следниот гем. Италијанецот се созеде и се врати за 3:2 водство за да ја освои својата најголема титула во кариерата заедно со трофејот во двојки на Австралија опен од пред две години.
Фоњини е првиот италијански тенисер со Мастерс-титула 1000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арасате ја напушти Осасуна
Тренерот на Осасуна, Јагоба Арасате, последен пат го предводеше тимот во саботата. Играчите и навивачите емотивно се простија од тренерот по натпреварот помеѓу Осасуна и Виљареал кој заврши 1:1.
„Ќе се сеќавам колку им бев драг на луѓето, а денес беше кулминација на тоа. Од понеделник почнува времето за носење одлуки“, рече 46-годишниот Арасате на прес-конференција.
Медиумите шепкулираат дека тој ќе ја преземе Мајорка или да се обиде да ја подигне Севилја.
Арасате шест години ја водеше Осасуна, која сезонава ја заврши на 10. место меѓу 20-те клубови од Примера. Засега не се знае кој ќе биде новиот тренер на Осасуна.
Спорт
Пикси се уште не потпишал – Проблем се еден милион евра
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси се уште не го потпишал новиот договор, а според сите индикации нема потпишувањето нема да се случи ниту во наредните денови и покрај тоа што Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), во четвртокот објави дека биле договорени деталите од новиот договор, според кој Пикс би останал селектор до 2026 година.
Проблемот околу новиот договор со селекторот на Србија настанал околу финансискиот дел. Станува збор за потенцијален прекин на соработката доколку Србија не обезбеди пласман во осминафиналето на претстојното Европско првенство, дознава „Спорт клуб“.
Во случај на раскинување на соработката, Стојковиќ инсистирал на обештетување во висина од еден милион евра.
Сè уште не е познато кога Пикси ќе го стави потписот на новиот договор, а новиот датум кога тоа треба да се случи е понеделник (27 мај) во 11 часот.
Конечниот збор ќе го имаат членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија. Третата точка на седницата закажана за в понеделник, ја дефинира дискусијата за продолжување на соработката со селекторот.
Спорт
(Видео) Најемотивниот момент од збогувањето на Крос
Тони Крос го одигра својот последен натпревар во клупската кариера. Германската икона на Реал Мадрид доби овации од „Сантијаго Бернабеу“ во емотивна вечер од последното коло во шпанското првенство. Реал ремизираше со Бетис без голови.
Брилијантниот играч за врска мина низ шпалирот што го направија соиграчите пред почетокот на натпреварот, во тие моменти ја гледаше кореографијата што ја подготвија навивачите за неговото збогување, играе до 86. минута, потоа му ја предаде капитенската лента на Лука Модриќ и се упати кон клупата за резерви.
Ќе биде забележано дека од 2014 година до синоќа одигра 464 натпревари за Реал, постигна 28 гола и забележа 98 асистенции, а со клубот освои 22 трофеи. Сето тоа го понесе Крос на вчерашниот натпревар кој го заврши со овации од трибините и овации од соиграчите.
По натпреварот и самиот призна дека добро се справувал со емоциите во тие моменти, а потоа откри што го расплакало.
„Бев доста силен. Се додека не ги видов моите деца. Тоа ме скрши”, призна инаку „ладниот” Германец по испраќањето од теренот, за кое „Марка“, пишува дека било најголемо за еден играч на Реал.
„Тоа беше убав како неговата кариера, возбудлив како неговиот фудбал и огромен како неговата легенда“.
I'll never recover 🥹💔pic.twitter.com/0gEIh0XcEi
— Ele (@EleModric) May 25, 2024