Контакт

Свет

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Објавено пред

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто така се одбележува и како Ден на планетата Земја.

dobivaj vesti na viber

На овој датум во целиот свет секоја година се одржуваат разни настани со кои се изразува поддршка за заштита на животната средина, пренесува „Евроњуз“.

Глобална мрежа на голем број организации во текот на целата година работи на справување со најсериозните проблеми за нашата планета, како климатските промени, таложењето пластичен отпад, заштитата на загрозените видови и сл.

 

Како 22 Април стана Ден на нашата планета?

 

Мировниот активист Џон Меконел е првиот што ја предложил идејата за Ден на Земјата во 1969 година на конференција на УНЕСКО во Сан Франциско.

Неговата цел била на тој ден да ѝ се оддаде почит кон Земјата како дом на целото човештво и да се промовира концептот за мир меѓу луѓето, а со ваква порака денот првпат бил одбележан на 21 март 1970 година – првиот ден од пролетта на северната хемисфера.

Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон го промовирал Денот на планетата Земја еден месец подоцна, на 22 април 1970 година, кога бил сведок за стравотните еколошки штети од масовното излевање нафта во Санта Барбара, Калифорнија, во 1969 година.

Иако првично станува збор за американска иницијатива, концептот беше преземен на меѓународно ниво во 1990 година, со настани организирани во 141 земја.

 

Како секој поеднинец може да влијае за да ја заштити Земјата?

 

Обединетите нации објавија прирачник со комичен наслов „Водич за тоа како мрзливите луѓе може да го спасат светот“, во кој се наведени повеќе активности што секој поеднец може да ги преземе за да придонесе кон целите за одржлив развој поставени од организацијата.

Листата категоризира предлози од ниво 1 до ниво 4, во зависност од тоа дали активностите се преземаат дома, на работа или во локалното место на живеење.

Еве неколку предлози од сите четири нивоа:

  • Заштедете електрична енергија со приклучување повеќе апарати во продолжен кабел и целосно исклучувајте ги кога не ги користите вклучувајќи го и вашиот компјутер;
  • Избегнувајте банкарските извештаи да ги подигате печатени на хартија и своите сметки плаќајте ги онлајн или преку мобилен;
  • Не е можно во целост да се избегне купувањето храна и стока спакувана во пластична амбалажа, но гледајте тоа да го сведете на минимум;
  • Купете си килим – теписите и килимите го прават вашиот под топол и ќе ви помогнат да заштедите при затоплувањето на домот;
  • Практикувајте кратки туширања – со бањањето во када се троши многу повеќе вода отколку 5-10 минути минати под туш;
  • Вашата коса и облека сушете ги природно наместо со помош на фен, односно машина. Кога ја перете облеката, внимавајте да го искористите целиот капацитет на машината;
  • Јадете помалку месо, живина и риба. Повеќе ресурси се користат за да се обезбеди месо отколку растенија;
  • Планирајте ги вашите оброци – при пазарење користете листа и избегнувајте да купувате водени од импулсот. Не наседнувајте на маркетинг-трикови кои ве тераат да купите храна, облека и предмети повеќе отколку што ви се потребни;
  • Возете велосипед, пешачете или користете јавен превоз. Патувајте со автомобил само кога сте во поголема група;
  • За пиење вода или кафе употребувајте амбалажи што повторно може да се искористат.

Регион

Екс-ју земја забрани трубачи до крајот на декември: „Балканската музика нема врска со нас“

Објавено пред

Градскиот совет на Љубљана изгласа забрана за спонтани улични настапи со музички инструменти, а одлуката ќе важи до крајот на декември. Предлогот дојде директно од градоначалникот Зоран Јанковиќ и стапува на сила веднаш, со што од улиците на словенечката престолнина се отстрануваат популарните „трубачи“, пишува 24ur.com.

dobivaj vesti na viber

Целата расправа беше покрената со прашање од градската советничка од СДС, Маруша Бабник. Таа предупреди дека Љубљана, за разлика од други европски градови кои со гордост ја истакнуваат својата култура, за време на празниците недоволно ја негува сопствената традиција, пренесе „Телеграф“.

„Градската општина Љубљана во празничниот период дозволува фаворизирање на балканската музика, ‘трубачите’, кои со Љубљана, словенечкиот културен идентитет и божиќната традиција немаат никаква врска“, изјави Бабник, сметајќи дека градот се срами од сопствената култура.

Од друга страна, заменичката директорка на Туризам Љубљана, Ана Лампич, ја бранеше градската програма. Таа истакна дека таа вклучува бројни содржини од словенечката традиција.

„Посетителите ја доживуваат Љубљана како отворена, жива и културно богата европска престолнина. Уличните музичари, меѓу кои спаѓаат и трубачите, не се дел од официјалната декемвриска програма“, нагласи Лампич.

По расправата, градоначалникот Јанковиќ реши да пресече. Тој предложи одлука за забрана на спонтани улични настапи и веднаш покрена гласање, што предизвика конфузија меѓу советниците.

„Сега ќе имаме гласање за да се забранат трубачите, за да биде јасно“, порача тој.

На барање на советниците, гласањето беше повторено, а одлуката на крајот беше донесена со 25 гласа „за“ и шест „против“.

„Тоа не значи дека ќе можат на едниот крај два часа, па потоа на другиот. Сега веќе не смеат да настапуваат“, појасни Јанковиќ, додавајќи дека градскиот инспекторат веќе изрекол казни на некои музичари.

Одлуката не помина без критики. Градскиот советник, Денис Стриковиќ, оцени дека гласањето е неважечко, бидејќи ваква забрана може да се воведе само со измена на постојната одлука, а не со ваков заклучок. Целата постапка ја нарече нетолеранција кон трубачите.

Јанковиќ ги отфрли приговорите, објаснувајќи дека не станува збор за измена на одлуката за посебна употреба на јавните површини, туку за заклучок кој е во согласност со неа и кој постојната одлука го овозможува.

Прикажи повеќе...

Свет

„Политико“: Сојузниците сè повеќе ја губат довербата во САД поради Трамп

Објавено пред

Клучните сојузници на САД, меѓу кои Германија, Франција и Канада, сè почесто ја доживуваат Америка како непредвидлива и проблематична сила на светската сцена поради политиките на претседателот Доналд Трамп, покажува ново меѓународно истражување, објави Политико.

dobivaj vesti na viber

Анкетата на POLITICO–Public First покажува дека значителен дел од испитаниците во Германија и Франција, како и мнозинството во Канада, сметаат дека САД се негативна глобална сила. Во Обединетото Кралство ставовите се поделени, но повеќе од една третина имаат негативна перцепција.

Речиси мнозинство во сите четири земји верува дека САД почесто создаваат проблеми отколку што ги решаваат. Повеќето Канаѓани и речиси половина од испитаниците во Германија и Франција сметаат дека САД ги предизвикуваат своите сојузници, додека значаен дел од Британците велат дека на Америка не може да се смета во време на криза.

Прикажи повеќе...

Свет

Полска поставува противдронски систем на границата со Белорусија

Објавено пред

Полска постави прв противдронски одбранбен систем на новa набљудувачкa кула во близина на границата со Белорусија, како дел од зајакнатите безбедносни мерки, објави Еуроњуз.

dobivaj vesti na viber

Системот е инсталиран во местото Ожерани и ќе биде оперативен од јануари, потврди министерот за внатрешни работи, Марчин Кервински.

За време на божиќните празници, повеќе од 6.000 припадници на армијата, граничната полиција и полицијата ќе бидат распоредени на границата. Полските власти соопштија дека годинава спречиле речиси 30.000 обиди за нелегален премин.

И покрај засиленото обезбедување, хуманитарната состојба на границата останува тешка, при што активистите предупредуваат дека и натаму има жртви меѓу мигрантите. Во исто време, опозициската група БЕЛПОЛ тврди дека во близина на Минск се гради фабрика за оружје, која наводно ќе произведува артилериска и ракетна муниција за Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...

Македонија8 часа

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до...

Македонија10 часа

Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената...

Македонија13 часа

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање....

Македонија14 часа

(Фото) Николоски: Интензивно работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да...

Свет16 часа

(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина

Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при...

Свет16 часа

Судот нареди враќање на депортираните Венецуелци од Ел Салвадор во САД

Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа...

Македонија16 часа

Намалена видливост на неколку патни правци

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до...

Свет16 часа

(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос

Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo,...

Европа17 часа

Зеленски: Мировните преговори се многу блиску до вистински резултат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со САД и европските земји со цел да се стави крај на речиси...

Економија1 ден

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија1 ден

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија1 ден

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија1 ден

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија1 ден

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија2 дена

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа2 дена

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...