Македонија
ФЗО: Линеарно зголемување на квотите за сите аптеки за април

Поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територијата на целата држава, но и по направената сондажа за искористеност на квотите за април на приватните здравствени установи – аптеки, која изнесува од 85 до 90 отсто, Управниот одбор на Фондот донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари.
„Ова зголемување е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за април. Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец“, се наведува во соопштението од ФЗО.
Фондот додава дека ова го прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките во близина на своето место на живеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Студеничани и Гази Баба

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 23.05.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат дел од жителите на опшштините Студеничани и Гази Баба.
Од 09.00 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Батинци. (Општина Студеничани).
Од 11.00 до 14.00 часот корисниците од улица бр. 1 во нас. Трубарево. (Општина Гази Баба).
Македонија
Сончево време, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h).
Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.
Македонија
Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје.
Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.