Свет
Новинарите на „Ројтерс“, кои добија Пулицерова нарада, остануваат во затвор во Мјанмар
Врховниот суд во Мјанмар ја отфрли и последната жалба на двајцата новинари на „Ројтерс“, добитници на Пулицерова награда, кои се осудени на седум години затвор за издавање државна тајна.
„Тие се осудени на седум години и таа одлука останува, а жалбата е одбиена“, рекол судијата Сое Наинг.

ЕПА
Ва Лон (33) и Киав Сое О (29) поминаа повеќе од 16 месеци во затвор по апсењето во 2017 година додека работеле на истражување за убиството на 10 муслимани Рохинџи.
Извештајот наречен „Масакр во Мјанмар“ го довршија нивните колеги и беше објавен оваа година, а минатата недела освои Пулицерова награда за меѓународно известување.
Адвокатите во жалбата наведоа дека не постојат докази дека Лон и Сое О се виновни како и дека постојат докази оти полицијата ги наместила, односно им подметнала тајни документи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад
Десетици илјади луѓе се собраа во Нови Сад, Србија за да им оддадат почит на оние што загинаа кога се урна кровот на железничката станица пред точно една година.
Во 11:25 часот по локално време – моментот кога се случи инцидентот во вториот по големина град во Србија – учесниците на комеморативниот собир одржаа молк кој траеше 16 минути, по една минута за секоја од 16-те жртви.
NOVI SAD ❤️🩹
01.11.2025. pic.twitter.com/MTSRNb4YAx
— Shonetin (@kaonikotinn) November 1, 2025
Српските студенти – главните иницијатори на протестите кои бараат правда за одговорните за инцидентите нагласија дека ова е мирен собир и ги повикаа оние кои сакаат да се приклучат да дојдат без свирежи или транспаренти и да почитуваат тишина. Луѓето се собраа на сите главни патишта, плоштади, пазари, како и во студентскиот град.
Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Годишнина од трагедијата во Нови Сад кога настрешницата на железничката станица падна и уби 16 лица
Денес се навршува точно една година од ужасната трагедија на главната железничка станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и уби 16 лица.
Падот на настрешницата се случи во 11:52 часот наутро, над главниот влез на станицата. Официјалните податоци од српското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека 14 лица загинале на лице место, вклучувајќи 3 деца, додека уште две лица починале подоцна во болница од повредите.
Членовите на спасувачките служби од речиси цела Србија тој ден неуморно ги расчистуваа урнатините во потрага по преживеани. Сведоците и спасувачите потоа ги опишаа сцените како морничави со вресоци и паника под урнатините. Најтешкиот дел беше извлекувањето на жртвите, особено децата.
Денот по трагедијата, 2 ноември 2024 година, во Србија беше прогласен Ден на жалост. Во Нови Сад беше прогласен тридневен период на жалост, кој го потпиша градоначалникот Милан Ѓуриќ.
Свет
Принцот Ендру донел 40 проститутки во хотелска соба во Тајланд, според кралски историчар
Војводата од Јорк, Ендру Маунтбатен-Виндзор, наводно донел 40 проститутки во хотел со пет ѕвездички за време на четиридневното патување во Тајланд, според кралскиот историчар Ендру Лоуни и неовластениот биограф на осрамотениот принц.
Лоуни тврди дека тој отишол на серија патувања финансирани од даночните обврзници, кои всушност биле одмори за време на неговата „криза на средните години“ во раните 2000-ти.
Тврдењата доаѓаат откако неговиот брат, тогашниот принц Чарлс, наводно советувал да не му се даде улогата на трговски претставник на Ендру во 2001 година, бидејќи тој само ќе „брка жени и ќе игра голф“.
„Во 2001 година, Ендру имаше 41 година, поминувајќи низ криза на средните години и во основа почнува да брка многу, многу жени“, изјави Лоуни за подкастот на Дејли Меил.
„Тој го користел изговорот за неговата улога како трговски пратеник, платен со парите на даночните обврзници, за да оди на тие патувања.“
„Тој секогаш додавал две недели „приватно време“. Значи, ние му плаќаме за одморот, а потоа тој оди и прави што прави“, додаде тој.
Лоуни опиша едно такво патување подетално.
„Тоа беше познато патување во Тајланд. Ендру ја претставуваше својата земја и инсистираше да престојува во хотел со пет ѕвездички наместо во амбасадата, што секогаш го правеше“, објасни историчарот.
„На Ендру му донесоа 40 проститутки во период од четири дена. Сето тоа беше овозможено од дипломати и други.“
Историчарот тврди дека оваа бројка е потврдена од повеќе извори, вклучително и член на тајландското кралско семејство. Неговите тврдења се поддржани од Иан Прауд, кој раководеше со политичкиот оддел на британската амбасада во Тајланд, и кој потврди дека промискуитетното однесување на принцот било општо познато меѓу персоналот.
Додаде дека Ендру претпочитал да престојува во одреден луксузен хотел „затоа што му се допаѓал ноќниот клуб во подрумот со „лесните жени“.
И покрај сè, Ендру е сè уште осми во редот за наследување на тронот, зад принцот Вилијам и неговите деца и принцот Хари и неговите деца. Единствениот начин да се отстрани од линијата на наследување би бил преку Закон на Парламентот, за кој би била потребна согласност од сите други кралства на Комонвелтот.
Бакингемската палата објави дека Ендру се согласил да ја напушти својата резиденција во Виндзор, поради тековната контроверзност околу неговата врска со осудениот педофил Џефри Епштајн.
Иако Ендру ги негира обвинувањата, Палатата го смета неговото пријателство за „сериозен пропуст во проценката“. Во соопштението се вели: „Неговото Височество денес започна формална постапка за одземање на титулите и почестите од принцот Ендру. Принцот Ендру сега ќе биде познат како Ендру Маунтбатен Виндзор“.

