Црна хроника
Гостиварец починал во авион на летот Базел-Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/Меѓународен-Аеродром-Скопје-1-1.jpg)
Седумдесет и четиригодишен готиварец починал во авион на летот Базел-Скопје.
Според информациите на МВР, ноќеска, половина час по полноќ, на Меѓународниот aеродром „Скопје“ пристигнал авион што летал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице што не дава знаци на живот.
Во 00.50 часот од страна на лекар била констатирана смрт, без траги на насилство кај К.К. (74) од Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Топ
Фатен бегалец баран со потерница за кражба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/krazba.jpg)
Вчера во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Црна хроника
МВР приведе лихвар: давал заем, па наплатувал огромна камата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/lihvarstvo.png)
Полициски службеници од СВР Битола вчера во 17:10 часот во Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
-На 05 февруари 2025 година во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата, посочуваат од Министерството.
Црна хроника
Работник е тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Kamenolom.jpg)
Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи, управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.