Регион
(Видео) Мигрантите на границата со Босна и Херцеговина се чуваат во кафези

Активистите на организацијата Are You Syrious објавија снимка што настана во близина на Требиње во БиХ, на граничниот премин Клобук, на границата со Црна Гора, објави „Кликс“.
Видеото покажува мигранти сместени во метални кафези.
Posredstvom aktivista neformalne organizacije Are You Syrious, Glas Amerike došao je u posjed video materijala, navodno snimljenog danas u blizini Trebinja. Video pokazuje metalne kaveze u čijoj unutrašnjosti je nekoliko osoba.Originally published at – https://ba.voanews.com/a/bih-migranti-u-kavezima/4886022.html
Gepostet von Glas Amerike – Studio Washington am Montag, 22. April 2019
„Кликс“ пренесува дека активистите тврдат оти на снимката се две семејства од Ирак, седум возрасни и пет деца. Тие додаваат дека мигрантите не смеат да бараат азил во БиХ, па ги враќаат во Црна Гора и дека таквото однесување не е во согласност со законите на БиХ и меѓународното право.
Пограничната полиција го коментира целиот случај, вели Кликс.
Тие тврдат дека сè е според стандардите и додаваат дека просториите во кои се мигрантите имаат вентилација, хигиенски услови и видеонадзор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.