Регион
Русија и Србија сакаат да го укинат меѓусебниот роаминг

Русија и Србија имаат намера да го укинат меѓусебниот роаминг во разговорите преку мобилните оператори, пренесува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на информации од белградските медиуми, кои, пак, пренесуваат соопштение од Федералната антимонополска служба (ФАС).
Според наводите на ФАС, заменик-шефот на таа служба, Анатолиј Голомолзин, ја посетил Србија и со шефот на српската агенција за телекомуникации (РАТЕЛ) договорил старт на заеднички активности за укинување на роамингот.
„Постигнат е договор за размена на материјали и информации за правилата за недискриминаторски пристап во телекомуникациите и поштенските услуги, како и за заедничка работа за укинување на роамингот меѓу Русија и Србија“, се вели во соопштението на руската служба ФАС.
На 4 април, за време на Дигиталниот самит на Западен Балкан беше потпишан Регионален договор за роаминг, според кој цените во првата фаза од 1 јули ќе се намалат за 27 отсто, додека од 1 јули 2021 година се очекува комплетно укинување на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.