Македонија
Јанушев: Настаните вo ИВЗ се директно мешање на државата во верските заедници

Последните случувања во ИВЗ ги квалификуваме како скандалозни и недозволиво и најостро ги осудуваме. Она што го видовме е директно мешање на државата во верските заедници што за Република Македонија како секуларна држава е тотално неприфатливо, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Да се потсетиме само во минатото дека потпретседателот на Заев, потпретседателот на СДСМ, даваше квалификации за челникот, односно поглаварот на ИЗВ, каде што го нарекуваше резил, зло, заштитена мечка и слично. Ваквото мешање најостро го осудувам уште еднаш и очекуваме надлежните институции, кои всушност дојдоа по нарачка и го остварија она што го гледавме вчера, дека ќе се повлечат и дека ќе ги преземат сите мерки за расчистување на овој случај“, рече тој.
На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ се согласува со ставот на Сулејман Реџепи, кој продолжува да ја извршува функцијата претседател на ИВЗ, дека овие настани се случуваат поради лошиот резултат на изборите од страна на власта, Јанушев рече дека сè што се случува во последниот период е резултат на очајот на СДСМ.
„Ние неколкупати потенциравме во минатото дека сè ова што се случува во овој период, особено во последниот период од неколку месеци пред изборите, е очајот на СДСМ и власта во пресрет, а сега веќе и во текот на изборите. Соочени со катастрофално нискиот рејтинг, тие се обидуваат буквално со сите полуги на власта на секој можен начин, на секој еден поединец да влијаат. Притисоците продолжуваат иако апелиравме тоа да не го прават, секојдневно имаме притисоци, закани, на секој можен начин сакаат да се обидат да ги прикријат срамот и негативниот резултат и падот, како што всушност реков на овој прес, на повеќе од 300.000 гласови за неполни две години“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто, вели Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи вели дека коалицијата „Вреди“ ги има добиено анкетите, во кои, како што нагласува, јасно се гледа дека разликата меѓу него и нивниот кандидат изнесува 10%.
„И сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат, дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината,“ изјави Османи.
Османи потсети дека уште пред да заврши Самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.
„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на Борис Трајковски, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата,“ појасни Османи.
Подвлече дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по кое јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“, истакнува Османи.
Македонија
(Видео) Лефков: СДС преку „Еразмус+“ ја финансирале и сопругата на Апасиев – пред камери противници, зад камери соработници

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев, Тамара Јованов Апасиева, добива европски пари.
Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии“.
Лефков прашува, како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС.
„Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица?
Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции?
Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС“, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Орце молчи за дивоградбите, гледаме нова Арсовска под диктат на Мицкоски

Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, молчи за дивоградбите во Чаир, обвини Јовица Јанковиќ од СДСМ.
„Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, маала претворени во бетонски џунгли и загрозена безбедност. Тоа е резултатот на политиките на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ што денес Орце ги одобрува. Зошто Орце воопшто не нуди решение за проблемот со дивоградбите? Дали поради бизнис интересите на власта? Таа ли улога Мицкоски му ја додели на Орце овој пат?“, праша тој.
Според Јанковиќ, дивоградбите не се само локална приказна туку со ВМРО-ДПМНЕ урбаното дивеење стана тажно скопско секојдневие.
„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот ова се случува, го претвораат во свој партиски вилает за да ги спроведуваат бизнис агендите. Со Орце скопјани можат да очекуваат само нови разочарувања, уште поголем хаос, нови бизнис-договори на грбот на граѓаните. Наместо решенија дивоградбите ќе продолжат, никој нема да одговара и наместо развој на Скопје ќе гледаме партиски диктат за богатење на поединци. На скопјани им треба вистински градоначалник кој ќе се бори со урбаната мафија, а не кој ќе ја штити. На Скопје не му треба нова Арсовска, под диктат на Мицкоски“, рече Јанковиќ.