Македонија
(Видео) Здравев: Приоритет ќе бидат постапките за нестручно постапување на судиите
Новоизбраниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев, во првата изјава пред јавноста рече дека ќе се залага за транспарентно и отчетно работење и за враќање за довербата на граѓаните во судската власт.
„Очекувам да ја вратиме довербара во фелата, меѓу судиите кон Судскиот совет, а секако и довербата на граѓаните кон судството. Знаеме дека таа доверба на граѓаните сериозно е разнишана, но понатаму ќе се злагам за непристрасно и објективно судење…“, рече Здравев, кој ги спомна и забелешките за работата на Судскиот совет во извештаите на Рајнхрад Прибе.
На прашањето како ќе ги раскинат врските со политичарите, Здравев рече дека тоа е оставено на совеста на членовите на Судскиот совет и рече дека гарантира законита и крајно совесна работа.
„Сè што е поведено пред Судскиот совет како постапка за утврдување одговорност на кој било, дали е судија, претседател на суд, уште повеќе член на Судскиот совет, претседател на Судскиот совет, тие постапки мораме да ги завршиме“, рече новиот претседател на Судскиот совет.
Здравев рече дека постапките за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција сигурно ќе бидат завршени, но најверојатно со нив ќе се зафатат наесен.
„Тоа ќе биде приоритет. Тоа е заостаната работа од претходниот состав. Ќе им се даде приоритет. Штом е почната постапката, мора да се заврши. Па сигурно пред годишните одмори не, но наесен сигурно дека ќе се зафатиме сериозно со таа работа. До годишните одмори планираме, ако успееме, да извршиме избори на 6 судии во Аплеација во Скопје, двајца судии во Управниот суд и претседатели на 10 суда…“ рече Здравев.
Здравев рече дека имаат сознанија за специјалниот извештај на судиите СЈО, но не даде конкретен одоговор. Тој цитира мисла од античкиот филозоф Сократ, според кого потешко е да се нанесе неправда отколку да се трпи неправда од причини што оној што нанесува неправда си ја огрешува соспствената душа, а душата е персонификација на совеста. За заменик на Киро Здравев беше избран Селим Адеми. Во Судскиот совет се формирани комисии за нестручно и несовесно вршење на судиската функција за претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и другите врховни судии што го пуштија бизнисменот Сеад Кочан да се брани од слобода, а некои од нив одлучуваа за притворот на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои избгаа во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

