Спорт
Петмина од Вардар во конкуренција за тимот на сезоната
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на играчите кои конкурираат за место во идеалниот тим во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019. За десет позиции во конкуренција се 45 играчи и пет тренери, а меѓу нив нема ниту еден Македонец.
Македонскиот шампион Вардар партиципира со пет имиња, тренерот Гарсија Парондо, односно голманот Дејан Милосављев, левото крило Тимур Дибиров, десниот бек Дариус Криштопанс и десното крило Иван Чупиќ.
Голман: Милосављев (Вардар), Шего (Сегед), Варгас (Барселона), Штербик (Веспрем), Буриќ (Фленсбург)
Лево крило: Генсхајмер (ПСЖ), Ривера (Нант), Дибиров (Вардар), Штрлек (Веспрем), Сигурмансон (Сегед) Лев бек:
Хансен (ПСЖ), Ренберг (Кокс), Лагард (Нант), Бодо (Сегед), Лауге (Фленсбург)
Среден бек: Шмид (Некар-Левен), Сагосен (ПСЖ), Пукхуски (Мотор), Мае (Веспрем), Руесга (Спортинг) Пивот:
Колбахер (Некар-Левен), Турнат (Нант), Нилсон (Веспрем), Банхиди (Сегед), Агинагалде (Кјелце):
Десен бек: Криштопанс (Вардар), Душебајев (Кјелце), Мем (Барселона), Наѓ (Веспрем), Ремили (ПСЖ)
Десно крило: Јанц (Кјелце), Гомез (Барселона), Чупиќ (Вардар), Ѓукиќ (Мешков Брест), Хорват (Загреб)
Дефанзивец: Карлсон (Фленсбург), Благотиншек (Веспрем), Македа (Сегед), Фелињо (Нант), Пјетруш (Барселона)
Млад играч: Фабрегас (Барселона), Ричардсон (Монпелје), Хринц (Кристијанштад), Гола (Фленсбург), Каралек (Кјелце)
Тренер: Пастор (Сегед), Парондо (Вардар), Гонзалес (ПСЖ), Пасквал (Барселона), Макула (Фленсбург).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола откри кој е еден од најпаметните играчи што ги тренирал
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има исклучително мислење за актуелниот капитен на својот тим, Бернардо Силва. Шпанецот беше особено расположен по големата победа над англискиот шампион Ливерпул (3:0) во 11-то коло од Премиер лигата.
По овој натпревар, јубилеен 1.000-ти во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за неколку фудбалери со кои соработувал во претходните години, но особено го пофали Португалецот.
„Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција за гледање на просторот и како да управува во дадена ситуација, тој поседува сè. Слободно можам да кажам дека тој е еден од најпаметните играчи што некогаш сум ги сретнал“, рече Пеп Гвардиола.
Бербардо Силва се мачеше со својата форма минатата година, но оваа сезона е капитен на тимот.
„Не му беше лесно минатата сезона. Понекогаш ми велеше: „Пепе, исцрпен сум. Мојот ум повеќе не е тука, ниту моите нозе.“
Бернардо Силва (31) е производ на лисабонска Бенфика, но за овој клуб играше кратко време. Тој дојде во Манчестер Сити во 2017 година од Монако за 50 милиони евра. Оттогаш, одигра 422 натпревари за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, со учинок од 73 гола и 75 асистенции.
Спорт
Првиот човек на Ферари им порача на Хамилтон и Леклер да возат, не да зборуваат
Претседателот на Ферари, Џон Елкан, ги нападна Луис Хамилтон и Шарл Леклер по Големата награда на Бразил, на која дуото на Ферари не успеа да ја заврши главната трка.
Тој им даде ист совет на двајцата во многу лоша сезона за Скудерија.
„Во Формула 1, од една страна, имаме механичари кои си ја завршија работата, и во квалификациите и во пит-лејнот. Инженерите го направија истото, а автомобилот покажа очигледни подобрувања. Останатите не ги исполнија очекувањата“, рече Елкан, додавајќи
„Луси и Шарл треба да се фокусираат на возењето и да зборуваат помалку. На Ферари му се потребни возачи кои помалку размислуваат за себе, а повеќе за тимот. Сè уште имаме неколку трки и не е невозможно да завршиме втори во конкуренцијата на конструктори“, додаде тој.
Ферари моментално е на четвртата позиција во шампионатот на конструктори во Формула 1, со 362 поени, четири помалку од Ред Бул и 36 од Мерцедес. Во пласманот на возачи, Леклер е петти со 214 поени, а Хамилтон е шести со 148.
Спорт
Авто-слалом во Кичево: Возбудливо натпреварување со јангтајмери со над 40 учесници
Во рамки на годинешниот календар на Националната Федерација на историски возила на Македонија, на 8 и 9 ноември се одржаа третото и четвртото TSD (брзина, спретност и прецизност) авто-слалом натпреварување – Кичево 3 и 4. Настаните се дел од шампионатот на Македонија за 2025 година во оваа категорија.

По повеќе години пауза, Кичево повторно го почувствува духот на моторните трки – на стартот се појавија околу 40 натпреварувачи од различни клубови, распределени по класи според кубикажата. И покрај лошите временски услови, бројна публика ги бодреше учесниците до самиот крај.
🏆 Резултати
Класа 1 (до 1200 cm³)
Александар Марковски – Пежо 205 (ОТК Скопје)
Класа 2 (до 1600 cm³)
Мојсије Милосавлевски – Даихатсу Шараде (ОТК Скопје)
Владимир Кулушиќ – Рено Меган (ОТК Класика Прилеп)
Даниел Даневски – Пежо 206 (ОТК Скопје)
Класа 3 (над 1600 cm³)
Кире Ставров – Фијат Пунто (ОТК Класика Прилеп)
Кристијан Василев – Ауди 80 (ОТК Скопје)
Лазар Стојаноски – Нисан Премиера (ОТК БМВ Скопје)
Класа 4 (тркачки возила)
Влатко Костовски – Опел Астра (ОТК Скопје)
Мојсије Милосавлевски – Југо 55 (ОТК Скопје)
Димитар Димески – Фијат Сеиченто (ОТК Класика Прилеп)

Пласман на клубови:
ОТК Скопје
ОТК Класика Прилеп
ОТК БМВ Скопје
Натпреварите ги отворија градоначалникот Александар Јовановски и претседателот на Федерацијата, Мојсије Милосавлевски, кои ги претставија идеите за ревитализација и мултифункционалност на автодромот Кичево.


