Црна хроника
Лица од Косово и Албанија измамиле тетовци и им зеле над 900.000 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Косово и Албанија, поради измама.
Во мај, пред две години, пријавените со лажно прикажување на факти довеле во заблуда четири лица од тетовското подрачје, на кои им се претставувале како лица на кои им се потребни парични средства за лекување, посредување за добивање на работни виза или продажба на возила, јави МВР.
Од лицата тие одземале пари и не им ги враќале. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 984.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Украдени бистите на Крсте Петков Мисирков и на Ѓорѓија Пулевски, спомен-бистата на Кочо Рацин оштетена

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена.
Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Ги мачеле животните: кривична за тетовци што учествувале во борби со кучиња

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.У.(51) од с.Долно Палчиште, тетовско, Ј.И.(44) од с.Дебреше и А.М.(18) од с.Горно Палчиште, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „мачење животни“.
Имено на 27.02.2025 во атар на с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги затекнале пријавените, кои учествувале со свои кучиња во борба со кучиња.
Црна хроника
Прегазен 35-годишен тетовец

Вчера во 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(49) од Тетово, удрило во пешакот Н.К.(35) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.