Македонија
(Видео) Алијанса го бара од Џафери каменот-симбол на 27 април
Алијанса за Албанците денеска го побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери каменот симбол на 27-ми април 2017 година, кој за нив важи како ден кога бил соборен 10-годишниот режим Груевски-Ахмети.
„Пред една година, на ова место на влезот на Собранието поставивме камен со натпис: ’27-ми април 2017 година’, кој го симболира денот кога се случи историскиот пресврт и беше соборен режимот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека овој камен ќе го постави на влезот на Собранието за да го одбележи денот. И по една година не се знае каде заврши тој камен, па затоа денес јавно го прашуваме – каде остана ветувањето на Талат Џафери и зошто каменот не е поставен на влезот на Собранието“, велат од Алијансата за Албанците.
Каменот за Алијансата е симбол на жртвуваноста и исчекорувањата на земјата кон НАТО и ЕУ, заштитувајќи ја демократијата и нејзините вредности. Истотака, додаваат од Алијансата, каменот го симболизира и бегањето на Али Ахмети во историскиот момент кога се решаваше за иднината на земјата.
„Господине Џафери дали симболиката на бегањето на г-ин Али Ахмети го оневозможи поставувањето на овој камен на влезот од Собранието “, прашуваат од Алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

