Спорт
Алегри: Фудбалот е глуп спорт, за интелигентни луѓе

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри во два дена на италијанските телевизии имаше настапи кои беа многу забележителни и коментирани, а на кои тој ги покажа своите две лица.
Во соработка со коментаторот на „Скај спорт“ и со поранешниот дефанзивец Даниел Адани направија вистинско шоу. Екс-фидбалерот е познат по тоа што постојано ги критикува тренерите во Италија.
„Во Италија сите стануваат теоретичари во фудбалот и тоа е пробле. Молчи кога зборувам, ништо не знаеш за фудбалот. Ти само седиш, читаш книги, а ништо не знаеш за праксата. Јас освоив 6 титули шампион на Италија“ – му порача Алегри на Адани.
Трофејниот тренер истакна и дека ќе остане во Јувентус.
„Важно е и да се забавуваш, јас не можам да бидам јас ако не ми е забавно. Постои тензија во текот на мечот, фудбалот е голем бизнис, Јувентус има приходи од 550 милиони евра годишно , резултатот многу значи. Јас не ги сакам многу тие тактички системи. Научив дека фудбалот е глуп спорт за интелигентни луѓе. Наједноставните работи се најтешки да се направат“ – вели Алегри.
Allegri vs Adani integrale
Allegri pessimo davvero. Manca gravemente di risperro ad Adani. “Ho vinto 6 scudetti”. Ma chi sei?! pic.twitter.com/Y8Aj1RGQaC
— MinaInterista (@MinaInterista) April 27, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Резервите му донесоа триумф на Арсенал во Билбао, дебитантот Унион го шокира ПСВ

Со гостински победи на Арсенал и дебитантот Унион Сен Жилоа, започна сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите.
Арсенал на „Сан Мамес“ во Билбао, не прикажа некоја спектакуларна игра, но успеа да го победи Атлетик.
Два гола постигнаа играчите од клупата за резерви. Мартинели по нецели 15 секунди откако влезе во игра во 72.минута погоди за 0:1. Конечниот резултат го постави Тросар во 87.минута. Резервите на Артета си поделија по една асистенција.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, ПСВ доживеа шокантен пораз од Унион Сен Жилоа. Дека Белгијците се дојдени по победа во Ајндховен најави Дејвид во деветтата минута од пенал. Половина час подоцна слаломот на Ел Хаџ им донесе на гостите предност од два гола.
Точка на победата на гостите стави братот на фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, Кевин.
Честа на ПСВ ја спаси, Ван Бомел во 90.минута.
Спорт
Шејн Ларкин ја заврши репрезентативната кариера

Шејн Ларкин, кошаркарот на Ефес, одлучи повеќе да не го носи дресот на Турција.
Искусниот плејмејкер го водеше тимот на Ергин Атаман до сребрен медал на Евробаскетот, по што реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Тој ја информираше јавноста за својата одлука на социјалните мрежи.
„Пред седум години се согласив да играм за Турција без никакви очекувања. А седум години подоцна, чувствувам дека ова е мојот втор дом. Начинот на кој ме прифативте и ме поддржавте не може да се опише со зборови. Иако не ја постигнавме главната цел, а тоа е златен медал, поддршката што ја добивме од целата земја значеше повеќе од само медал“, напиша Ларкин и додаде:
„Беше чест и привилегија да го носам овој дрес и да играм за Турција. Засекогаш ќе бидам еден од вас! Ве сакам од се срце“, заврши тој со зборови на турски.
Ларкин имаше просек од 11,6 поени и 5,1 асистенции на Европското првенство.
Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.