Спорт
Зверев е во криза: Раскина со девојката, маки со менаџерот, татко му е болен

Германскиот тенисер Александер Зверев ќе се обиде следните денови во Минхен да го поправи впечатокот по прилично бледите игри што ги имаше во првата третина од сезоната.
Со само едно финале во Акапулко, се друго завршуваше уште во вториот или третиот круг, тоа е премалку за амбициозниот 21-годишен тенисер кој моментно е трет на АТП листата.
Пред стартот на турнирот во Минхен откри што го мачи.
Во февруари раскинал со девојката, останал без менаџерски тим, а последната лоша вест е дека татко му се разболел и не може да го следи на турнирите.
„Многу работи се случија во последниот период. Ситуацијата околу менаџерството ме чинеше многу. По првпат и мојот татко не може да биде со мене поради болест. И раскинав со девојката. Сето тоа влијаеше на мене. Можеби други играчи не би зборувале за тоа, но тоа не е случај со мене. Секогаш зборувам од срце“ – вели Зверев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сонот на Нејмар е да се врати во Барса

Само што се врати во Сантос, веќе се зборува за заминување на Нејмар од татковината. Нова дестинација за Бразилецот би можела да Барселона.
Спортскиот сектор на каталонскиот гигант веќе започнал преговори со претставници на една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, а контактирани се и челниците на тимот од Сао Паоло.
Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација (79 голови) во јануари потпиша договор со клубот од детството на само шест месеци, што доведува до заклучок дека овие шпекулации на американскиот новинар Дејвид Орнштајн може многу добро да се остварат.
Нејмар одигра шест натпревари откако се врати во Јужна Америка, постигна два гола и имаше три асистенции. Тој забележа 186 настапи за тимот од „Камп Ноу“ во периодот од 2013 до 2017 година, со фантастичен учинок од 105 гола и 76 асистенции. Во јули 2017 година за светски рекорд од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.
Спорт
Реал Мадрид казнет поради хомофобични навреди кон Гвардиола

УЕФА го казни Реал Мадрид за хомофобични скандирања на дел од навивачи кон менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
На шпанскиот клуб му беше наложено да плати 30.000 евра и доби условна казна со делумно затворање на стадионот доколку истото се повтори во следните две години.
Покрај овие казни, Реал е принуден да остави најмалку 500 празни места на стадионот за време на натпреварот против Атлетико во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Хомофобичните повици беа испратени кон Гвардиола за време на победата на Реал против Сити од 3-1 во реваншот од плејоф мечот за место во осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот во Мадрид. Победата значеше дека тимот на Карло Анчелоти се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 6:3.
Спорт
Заврши сезоната за Џоел Ембид

Центарот на Филаделфија 76ерс Џоел Ембид нема да игра до крајот на сезоната.
Ембид неодамна зборуваше за тоа колку е фрустрирачко за него да игра со ограничувања поради болки во левото колено, а Сиксерси одлучија дека е подобро да се фокусира на долгорочното закрепнување.
„По деталните медицински прегледи, беше утврдено дека Ембид не е способен за игра, ќе го пропушти остатокот од сезоната и ќе се фокусира на третмани и закрепнување“, се вели во клупдкото соопштение.
Ембид одигра само 19 натпревари оваа сезона и имаше просек од 23,8 поени, 8,5 скока и 4,5 асистенции.
Сиксерси се наоѓаат на 12. позиција на табелата во Источната конференција, со скор од 20 победи и 38 порази.